• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Филип Димкоски: Верувајте, книгите можат да ве изберат вас и оставете да се случи тоа

октомври 1, 2016
in Во потрага по трајната убавина

Иако некогаш мислам дека малку читам , или пак има периоди кога не читам, сепак сега кога ми ја дадовте честа и одговорноста да предложам книги за вашите читатели, како некој што чита и пишува, сфатив дека сум прочитал голем број книги. Можеби ќе почнам да ги запишувам насловите на прочитаните книги.  А сега ќе издвојам неколку од околу триесетината книги кои би сакал да ги предложам за читање. Под предлогот и мојот опис за предлог-книгата ќе издвојам по еден за мене впечатлив цитат од истата.

 

  1. 1.      Сликата на Доријан Греј-Оскар Вајлд

Најчитаниот роман на 20 век, стопроцентно ја оправдува својата популарност. Несомнено, тоа е роман со длабока суштина и силна порака, а пораката и суштината пак, се пренесени во речиси совршено естетски изградено прозно дело, жаноровски определно како роман.

 Да се залечи душата со сетилата, а сетилата со душата.

 demijan

  1. 2.      Демијан-Херман Хесе

Со читањето на „Демијан“ од Хесе и со читањето на „Среќен е тој што умее да сака“, мудроста на овој автор и неговата длабочина, ме натера да продолжам да ги читам неговите дела. Деновиве почнав да ја читам „Степски волк“, а потоа по препорака на еден другар, ќе ја читам „Сидарта“. Потоа- Играта со стаклени мониста. Доживувам возбуда и ментално надразнување додека ги читам книгите на Херман Хесе. Зацртав дека ќе исчитам сè што напишал овој автор.

  1. …Дотолку што, истото божество неделиво дејствува и во нас и во природата и кога надворешниот свет би пропаднал, еден од нас би бил способен одново да го изгради ридот и реката, дрвото и листот, коренот и цветот, се што е создадено во природата се наоѓа претходно создадено во нас, води потекло од душата чие битие е вечноста, чие битие ние не го познаваме, но кое ни дозволува да го почувствуваме најмногу како љубовна сила и творечка моќ.
  1. 3.      Ѕвонливите кедри на Русија-Владимир Мегре

Ова е едиција од 10 книги, поврзани со животот на жената од руската тајга по име Анастасија. Ги исчитав сите десет книги, но имам информација дека веќе е објавено ново продолжение. Ова е книга што според мене секој треба да ја прочита. Во неа е содржана буквално сета суштина. Толку поучна и реална книга не сум сретнал. Моето мислење е дека откако ќе ги прочитате десетте делови од книгава, не мора ништо друго да читате.

Лесно е да се управува со оние што одлучиле да се смират.

  1. 4.      Калеидоскоп-Бистрица Миркуловска

Претходно секогаш танка и хаику читав на интернет. На тој начин не успеав да ги почувствувам. Некако како да ми „бегаа“ стиховите и не можев да се задлабочам. Откако на подарок од авторката ја добив книгата Калеидоскоп под чиј наслов стои-хаику и танка мигови, почнав да уживам дури и да се заљубувам во овие кратки поетски сочиненија. Во книгата покрај авторските записи има многу уловени хаику мигови од неколку македонски поети и писатели како Блаже Конески, Славко Јаневски, Анте Поповски, Винка Саздова, Потоа и емотивно и мисловно бев поподготвен и уживав во неколкуте хаику-книги на Пере Ристески.

Животот ми бил

копнеж по божилакот.

Кога згаснале

тие волшебни бои?

Но, копнежот не згаснал.

  1. 5.      Трилогијата „Прилепчанки“ од Мирјанка Ристеска Селчанец

Во понеделникот на полноќ ја дочитав и последната страница од романот „Анка“-трет дел од трилогијата „Прилепчанки“ (првиот дел е насловен Гена, а вториот дел- Маргарита). Тоа е најприлепското дело што сум го прочитал. Најголем дел од трите книги е напишан на прилепски дијалект, ама оној стариот, вистинскиот, веќе подзаборавениот особено од нас помладите прилепчани. Многу топлина, многу носталгија и многу вистина за животот на еден град во едно време кое не така одамна поминало. Трите книги треба да ги прочитаат и прилепчани, но и жителите на другите градови.

Долго, долго ја гледаше маестрално, а толку обично насликаната слика направена со срце место со четка, со љубов место со боја.

                        tere

  1. 6.      Тоа сум јас (To sam ja)-Тереза Кесовија

Тоа е автобиографската книга на мојата омилена уметница-во правата смисла на зборот хрватската и светска музичка дива Тереза Кесовија. Над петстотини испишани страници, текст збогатен со фотографии ширум ви ги отвора вратите за да влезете во светот на една голема личност. Се помачив малку со разбирањето на дубровничкиот дијалект и другите дијалекти засатапени во книгата, но „ги јадев“ страниците со голема брзина и потполна наслада. Може многу да се научи од животите на големите луѓе. Тие навистина постигнале многу и имаат што да напишат и што да кажат. Се надевам дека книгата ќе добие и превод на македонски.

  1. 7.      „Мартин Идн“-Џек Лондон

  Мартин Идн-млад морепловец со многу доживувања и перипетии во животот. Се  заљубува во Рут која припаѓа на буржуазијата. Заради тоа тој е свесен дека Рут никогаш нема да биде негова. Мартин Идн почнува да го менува начинот на живеење. Го открива својот талент за пишување. Почнува да се пробива, но многу тешко. Многу недоумици во неговиот лик, многу неизвеснот кај читателот. Оваа книга заради стилот, пред неколку години кога ја читав, ме натера да почнам настрана да запишувам цитати. Извадоци, пасоси, реченици, па дури и цели страници од книги, запишувам во бележник до ден денеска.

 Нејзиното неискуство не можеше да и даде можност да разбере дека космичкото чувство што го предизвикува тој во неа, беше токму онаа најкосмичка работа-љубовта, која со подеднаква сила ги привлекува мажите и жените ширум светот, ги прогонува елените меѓусебно да се отепуваат во време на множењата и ги тера дури и елементите неотстојно да се соединуваат.

petre

  1. 8.      Небеска Тимјановна-Петре М. Андреевски

Како што напишав дека сакам да ги прочитам сите дела на Херман Хесе, исто така сакам да ги прочитам сите дела на Петре М. Андреевски. Со него се сретнуваме уште од најрана возраст преку книгата „Касни-порасни“, потoа сочувство за младешките љубовни копнежи е „Дениција“, но јас сум фасциниран од „Пиреј“, а особено од „Небеска Тимјановна“ која чинам дека е помалку позната од „Пиреј“. Писател што еднакво е моќен и во прозното и во поетското творешто и навистина е врвен лик во македонската литература.

Кога се игра со срце и телото знае што да прави.

  1. 9.      Градинарот-Рабиндранат Тагоре

Мисијата на поетот? –Да ја твори убавината. Во творбите од „Градинарот“, Тагоре ја остварил својата мисија, да твори убавина. Ова е книга не се чита само еднаш. Треба да ја имате дома и да ја препрочитувате, препрочитувате…

Слатко е да се седи во агол и да се размислува и пее дека вие сте ми целиот свет.

Смело е да му се посака среќа на својот бол и да бидеш одлучен, па да не дозволиш никому да те теши.

  1. 10.  Ораница-Снежана Алексиќ-Станојловиќ

Книгата сèуште не  è излезена од печат. Јас како соработник во подготовката на изданието, имав можност да бидам еден од првите читатели. Се работи за поетска книга, која ќе биде објавена во тријазично издание на македонски, српски и унгарски јазик. Поделена е во два циклуса, но мотивски обединети. Книгата е спој на мотиви, емоции, копнежи, спој на Војводина и Македонија. Суптилна и силно емотивна поетска книга. Треба да се подготвите емотивно, пред да ја читате, зашто песната раѓа, но и убива. Првата промоција на оваа тријазична поетска книга, ќе биде на 8 октомври во 19.00 часот во градската библиотека во Прилеп.

 

Можеше да имаш

и нива и жито,

и едра и лаѓи,

само да знаеше

оти без вода нема ҆ртење…

Ниту ҆ртење, ниту едрење…

Taјната на зрeењето не си ја спознал,

a зрното си го излупил до неговата срж.

Веќе направив избор од десет книги, а во главава ми останаа уште голем број наслови. Па затоа ќе ви кажам дека периодов ќе се посветам на најновата литературно творештво на балканот, особено на литературата од Македонија, Србија и Бугарија. Дел од книгите што ги имам ги прочитав, но има уште многу за читање. Впечатокот е дека имаме хиперпродукција, но тоа не значи дека нема квалитетни дела. Само треба да се најдат. И од срце, за крај ви препорачувам: Верувајте дека книгите можат да ве изберат вас и оставете да се случи тоа. Пријатно читање.

 filip

Автор: Филип Димкоски

Публицитет.мк 

Посетеност: 119
Share
Previous Post

Киненова – Нов филмски фестивал во Скопје

Next Post

Општината Охрид по повод 70 години од пензионерско здружување во Македонија приреди прием за ЗП од Охрид и Дебрца

Next Post

Општината Охрид по повод 70 години од пензионерско здружување во Македонија приреди прием за ЗП од Охрид и Дебрца

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk