
Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители, вели министерот за здравство Венко Филипче.
-Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат, додава министерот Филипче.
Како што појаснува тој,се очекува донацијата од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава.
Публицитет.мк







