
Слаѓана Стојкова – Костоски, новинар-дописник за МИА.
Зад себе оставам уште една година исполнета со радост, среќа и многу предизвици. Година што ќе ја паметам по доаѓањето на мојот втор ангел, Тео и погледот на двете мали очиња, охридски бисерчиња. Секако тука се и лудориите на Ана, малата грижлива сестричка.
Не можам да ги изоставам и професионалните случувања и трката по нови вести и информации. Иако во изолација поради предизвикот со кој се соочува нашето општество свеќичките ги дувнав со моите најсакани, инспирацијата на секој нов ден.
За овој роденден ќе си посакам само здравје и љубов со најмилите се друго само ќе си дојде. Голема благодарност до Публицитет за одвоениот простор и посветеното внимание…
Публицитет.мк






