Во овој период од годината кога се слави Божиќ и Нова година на телевизиските екрани и во киносалите се актуелни Божиќните филмови .Секоја година се снимаат по неколку нови такви филмови кои само ја надополнуваат ризницата на филмски остварувања кои имаат за цел да ја надополнат радоста во текот на овие празници. Некои од нив живеат само едно лето или зима,ако сакате, но некои со својата убавина и пораките што ги испраќаат станаа како вино со кое се наздравува доаѓањето на Новата година. Колку се постари –толку се подобри. Има навистина голем број на постари но и понови филмски наслови кои станаа вистинска класика, филмови кои ,иако сме ги гледале неколкупати токму во вакви прилики, сакаме да ги видиме повторно и повторно.Во што лежи тајната. Дали во оптимизмот со кој се очекува подобрата утрешнина, дали со величење на семејството и семејните вредноси како основна клетка на секое здраво општество, дали со хуморот и насмеаните лица во приказната…Би релке од се’ по нешто бидејќи секој од нас токму во тие денови посакува во Новата Година да му биде подобро, неговото семејство да биде здраво и среќно, да живее побезгрижно , повесело…
А токму тоа го нудат овие филмови .Весела приказна полна со оптимизам за подобро утре. Во овој период од годината сите списанија, весници, интернет портали , нудат препораки и потсетувања на филмовите од овој жанр. Ако се направи попис на насловите на посочените филмови се доаѓа до бројка од 15 тина филмови без кои не може да се замислат овие празници. Нив ќе имаме можност ,во деновите што се пред нас, да ги видиме на телевизиските канали од богатата понуда на кабловските оператори.
Се прават листи на најдобрите, листи на филмови кои треба да ги видите …На сите нив се појавува насловот на еден филм за кого многумина велат дека е вистинска класика , филм на кој сакаме да ве потсетиме. Се работи за филмот „ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ“кој преставува една од најубавите филмски приказни а според многумина еден од најубавите филмови на сите времиња.

Филмот „ Прекрасен живот“е американски филм кој е снимен такаречи пред 70 години, поточно во 1946 година. Режисер на филмот е Френк Капра а сценариото за филмот го адаптирале Френсис Гудрич, Алберт Хакет, Џо Сверлинг и Френк Капра според кратката приказна на Филип Ван Горен Стерн.
Според многумина ова е еден од најпопуларните и најомилените филмови кои ги направил режисерот Френк Капра во својата богата кариера а кој се прослави како режисер во тресетите години од изминатиот век кога , откако ќе го потпише договорот со компанијата „Коламбија“ , ќе сними неколку антологиски филмови кои ќе го наредат во редот на водечките американски режисери од тој период. Сигурно на многумина љубители на класичниот филм добро им се познати филмовите „ Платинеста убавица“, „ Дама за една ноќ“ како и веројатно еден од неговите најдобри филмови „Господинот Смит оди во Вашингтон“. Не може а да не се спомене и извонредната комедија „ Се случи една ноќ“од 1934 година кој освои пет оскари и тоа сите пет во најважните категории: најдобар филм, најдобра режија, најдобра машка улога (Кларк Гејбл) , најдобра женска улога ( Клодет Колбер) и најдобро сценарио.Се паметат и неговите филмови „ Дама за еден ден“, Шешир полн со чуда“ , „Изгубениот хоризонт“ како и „ Мр. Дидс оди во град“. На своите филмски јунаци тој им всади и дел од својата личност: едноставност и наивност на верба во човековата чесност, како и смисол за хумор и безгранична упурност.Денес , од оваа дистанца , многумина критичари му ја префрлаат наивноста во неговите филмови, но никој не му ја негира неговата искреност , талент и уверливост.За својата успешна работа дури три пати стана добитник на наградата Оскар.

Филмот„Прекрасен живот“е повоена горка приказна која говори за еден менаџер на една штедилница во едно малечко градче , кој се бори против лакомите банкари и неговиот сопствен сомнеж во самиот себе.Тој ќе се најде на работ на самоубиство бидејќи ги изгубил сите пари и тоа токму пред Божиќ.Тогаш се појавува неговиот ангел чувар , кој го убедува да не се самоубива , покажувајќи му како неговиот град, неговото семејство, пријателите би изгледале ако тој никогаш не се родел. Ангелот му докажува дека токму тој е заслужен за многу драгоцени работи што се случиле во неговото семејство и неговиот град.
Интересно е да се каже дека филмот кога се појавил пред публиката немал некој забележителен успех на кино благајните а станал вистински Божиќен филмски класик дури во 70 тите години од изминатиот век кога започнал да се прикажува на телевизиските екрани за време на Божиќните празници.
Филмот имал 5 номинации за наградата Оскар , меѓу другите и во категориите најдобар филм ,најдобра режија и најдобар актер , но не добил ниту еден.Таа година сите почести ги добил филмот „ Најубавите години од нашите животи “ кој освоил дури седум награди Оскар од осумте категории во кои имал номинации.Своевремено „Радио Тајмс“ инаку списание на БИБИСИ кое се занимавало со тв програма,направило анкета за најдобрите филмови кои никогаш не добиле Оскар. На оваа листа филмот „ Прекрасен живот“ се нашол на второто мест веднаш зад филмот “ Бекството од Шошенк“.
Сепак, режисерот на филмот Френк Капра ја добил наградата Златен Глобус за најдобра режија за овој филм.
Главните улоги во филмот ги толкуваат :омилениот актер на Капра, Џејмс Стјуарт( со кого соработувал предходно на уште два филма),Дона Рид, Лајонел Баримур и Хенри Траверс.
За Џејмс Стјуарт улогата во овој филм била една од најомилените. Интересно е дека за улогата во овој филм најпрвин бил предвиден Кери Грант но Капра се одлучил за Џејмс Стјуарт и не погрешил.
Филмот имал буџет од 3,1 милион долари а во американските кино сали заработил колку што и чинел, односно само 3,3 милиони долари. Премиерата ја имал на 20. декември.1946 година во Њујорк а во кино салите во САД се прикажувал во периодот помеѓу 15. април и 27 .јуни. 1946 година.
Освен овој филм ,кој верувам дека ќе се најде на некој од телевизиските канали , еве уште неколку наслови на филмови кои честопати знаат да бидат празнична понуда за предстојните Новогодишни и Божиќни празници:

Чудо во 34 улица (1947)
Божиќна приказна (1983)
Полар експрес (2004)
Предбожиќна ноќна мора (1993)
Сам дома 2 (1992)
Гремлини (1984)
Всушност љубов (2003)
Виленик (2003)
Како Гринч го украде Божиќ (2000)
Дедо Мраз (2003)
Лошиот Дедо Мраз ( 2003)
Божиќен одмор (1989)
Божиќ со Кранкови (2004)
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк






