• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ВМРО ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ

декември 26, 2015
in Тикер

Српските „продавачи на скапа магла“ во советодавна улога на СДСМ ни малку не влијаеле на нивото на политичка култура на кликата во опозицијата. Се навикнавме на бесцелни и про-форма соопштенија од СДСМ, ама ова е без преседан.

Буџетот на општина Охрид за 2016 година целосно ги исполнува потребите на граѓаните и на локалната самоуправа. Во него се предвидени средства за градење и реконструкција на руинираната или непостоечка инфраструктура – наследство од убедливо најлошата локална самоуправа во Македонија – тајфа на поранешниот градоначалник и сегашното раководство на локалната организација на СДСМ. Сите инфраструктурни и капитални инвестиции кои беа ветени ќе бидат во целост спроведени. Има пари за се кога тие не се трошат на репрезентации, екскурзии по бумеранзи, фиктивни тендери и уште пофиктивни фактури. Но чесноста е непознат поим за кликата на СДСМ

Во буџетот за 2016 година е предвиден еден голем проект што конечно ќе му даде достоен лик на градот – реновирање на кејот на Охридското езеро. После многу години поминати под забот на времето, Охрид ќе добие нов кеј што ќе биде гордост на градот, место за уживање и создавање нови спомени на Охриѓани и туристите кои секоја година се побројни и побројни.

Она што најмногу вчудоневидува е смелоста и дрскоста на кликата да коментира за економска состојба и долгови на општината. Зарем е повторно потребно да потсетуваме зошто Охрид е најзадолжената општина во Македонија, а веројатно и пошироко? Тоа што кликата успеа да го растури и раскрчми за осум години,  долго време во иднина ќе го враќаат Охриѓани.

За крај сакаме да упатиме еден апел до кликата на СДСМ да престанат да ги трујат граѓаните на Охрид со мизерни соопштенија кои немаат допирна точка со реалноста. Направете програма, понудете проекти, спремете издржана критика и да работиме за доброто на Охрид и Македонија. Гласови не носи логото на СДСМ во статии по портали. Граѓаните почитуваат работа, работа и само работа. Овој совет нема да ви го наплатиме како вашите српски пријатели.

Четири месеци преостануваат до конечниот суд на народот. Очекувајте го!

Општински Комитет

ВМРО – ДПМНЕ Охрид

Посетеност: 104
Share
Previous Post

СДСМ – Охрид и коалиционите партнери во Советот на Општина Охрид со забелешки за новиот Буџетот на Општината

Next Post

ФИЛМ ЗА СИТЕ СИТЕ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

Next Post

ФИЛМ ЗА СИТЕ СИТЕ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 104

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk