• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмови кои не треба да се пропуштат во 2021 (2)

јануари 15, 2021
in Филмољубие

Во вториот дел од материјалот во кој ве запознаваме со еден мал дел од понудата на филмските куќи за оваа 2021 година,ви нудиме приказ на уште 12 филмови кои на кино репертоарот во кино салите ширум светот БИ ТРЕБАЛО да се најдат во периодот  јули – декември , под услов кино салите да бидат отворени и ,разбира се, пандемијата да се стави под контрола.

Понудата нуди филмови од сите жанрови и за сите возрасти и вкусови.Навистина, е мошне тешко да се издвојат филмови од богатата понуда. Но, како и во изминатите години  така и во оваа со новитетеите ќе ве запознаваме секој месец посебно , со што ќе ги надополниме информациите за сите интересни филмски остварувања кои ќе бидат на кино репертоарот.

MV5BNTEyYTA5YWYtYmIxYS00NWRlLWExNjMtNjliZmVlZDgxNTBlXkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UY209 CR10140209 AL copy

ТОП ГАН : МАВЕРИК

По цели 35 години  од големиот успех на филмот „Топ ган“на режисерот Тони Скот со кој се прослави ,тогаш младиот актер, Том Круз , на почетокот на јули оваа додина во кино салите би требало да започне  да се прикажува  продолжението на овој филм „ Топ ган: Маверик“ овојпат во режија на Џозеф Косински.Филмот својата премиера требаше да ја доживее во јуни изминатата година ,но заради ситуацијата со корона вирусот таа е презакажана за една година подоцна.

По повеќе од триесет години служба како еден од најдобрите авијатичари на морнарицата, Пит Мичел е на  местото каде што припаѓа, работејќи како храбар тест пилот и затајувајќи го напредувањето кон ранг што би го приземјил.Главната улога повторно ја толкува Том Круз а од актерите кои настапија во првиот филм тука е само Вал Килмер. Останатите улоги во филмот ги толкуваат:Џенифер Конели, Милес Телер, Џон Хам, Ед Харис, Моника Барбаро и други.

MV5BZWFiZTM4ZDUtNzU0My00YmYxLWEzMDQtNzkxMzJhYmNiMTE3XkEyXkFqcGdeQXVyODkzNTgxMDg. V1 UY209 CR00140209 AL copy

КРСТАРЕЊЕ НИЗ ЏУНГЛА

Оваа авантуристичка акциона комедија е реализирана врз основа на возењето со брод  на тематски парк во Дизниленд, каде мал речен брод носи група патници низ џунгла исполнета со опасни животни и влекачи, но со натприроден моќ

Режисер на филмот е шпанецот Џауме Колет – Сера кој се прослави со неколку акциони филмови во кој настапи актерот Лиам Нисон.

Во овој филм главната улога ја толкува познатиот акционен јунак и еден од најплатените актери во моментов, Двејн Џонсон а тука се уште и Емили Блант, Џеси Племонс, Едгар Родригез, Пол Џијамати, Емили Мари Палмер и друг

Продуцентите на филмот го споредуваат со филмот „Африканска кралица“ од 1951 година во кој настапија Кетрин Хепберн и Хемфри Богарт а за улогата на Двејн Џонсон велат дека наликува на ликот на Индијана Џонс.Колу оваа споредба  е вистинаска ќе оценат гледачите по 30. јули кога филмот би требало да се најде во кино салите ширум светот.

MV5BNWU2NTZkNzktYjU3OS00MWE0LTgxN2ItNDU5MzM0NmM3OTdjXkEyXkFqcGdeQXVyODk2NDQ3MTA. V1 UY209 CR130140209 AL copy

РЕСПЕКТ

Животот на познатите музички ѕвезди честопати преставува плодна почва за филмска приказна која на актерите кои ги толкуваат ликовите знае да им донесе  грст филмски награди.Од друга страна таквата улога преставува нож со две острици од едноставна причина што треба да толкуваат лик кој бил мошне популарен  а и треба колку толу да наликуваат на ликот кој го толкуваат.

Филмот „Респект“ кој премирно треба да биде прикажан во средината на август, преставува животна приказна за познатата арен би пејачка Арета Френклин која почина во 2018 година.

Нејзиниот лик го толкува оскаровката Џенифер Хадсон која била препорачана за таа улога од страна самата Арета Френклин додека сеуште била жива.Останатите улоги ги толкуваат :Форест Витакер,Аудра Мекдоналд, Марлон Вајанс, Сајкон Сенгбох и други. Режисер на филмот е Лисл Тони.

result 3 copy

ДЛАБОКА ВОДА

По пауза од такаречи цели 20 години , познатиот режисер Адријен Лин кој се прослави со филмовите„Флешденс“, „9 и пол недели“, „Непристоен предлог“,“Фатална привлечност“, Лолита“ и „Неверна“, повторно седна во режисерското столче за потребите на трилерот

„Длабока вода“ во кој настапуваат: Бен Афлек, Ана Де Армс, Рејчел Бланшард, Трјси Лепс, Кристен Коноли, Џејд Фернандез…

Филмот говори за еден добар сопруг кој и дозволува на својата жена да има афери за да избегне развод и притоа  станува главен осомничен за исчезнувањето на нејзините љубовници.

MV5BMzBiZjZiMWMtMzk1Yy00M2IwLTkxZmMtMDYyNzQ3ZWNiOTg4XkEyXkFqcGdeQXVyMTIxMjMzMDQ0. V1 UY209 CR40140209 AL copy

БИТЛСИ:ВРАТИ СЕ

Се работи за документарен филм во режија на оскаровецот Питер Џексон. Тоа е филм за музичката група „Битлси“, кој содржи досега необјавени  снимки во студиото, снимени во почетокот на 1969 година за играниот филм „Нека биде“ од 1970 година.Премиерата на филмот е закажана за 27.август.

Во филмот можат да се видат членовите на групата „Битлси“но и Јоко Оно, Линда Мекартни , Били Престон и други.

 MV5BMjYzMWQ2NWQtZGJkOC00ZWYzLThhMmMtZDdmNGM4NzEyNmU1XkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL copy

СМРТ НА НИЛ

Во средината  на септември своја премиера треба да доживее мистериозниот трилер „Смртта на Нил“ во режија на Кенет Брана кој како и во филмот „Убиство во Ориент експрес“ од 2017 година , го игра ликот на инспекторот Хектор Поаро.Филмот е снимен според делото на Агата Кристи и преставува римејк на истоимениот филм од 1978 година во режија на Џон Гилермин.Во тој филм ликот на инспекторот Поаро го играше Питер Устинов а во филмот настапи голема екипа од тогаш мошне познати актери како:Миа Фароу, Џејн Биркин,Бет Дејвис, Џон Финч, Оливија Хаси, Џорџ Кенеди, Дејвид Нивен,Меги Смит…

Во верзијата на Кенет Брана ,која премиерно требаше да биде прикажана изминатиот октомври, настапуваат Гал Гадот, Ема Меки, Арми Хамер, Роуз Лесли, Анет Бенинг, Том Бејтмен, Летиција Рајт, Софи Окенодо …

Одморот на белгискиот инспектор Херкул Поаро на еден гламурозен речен пароброд се претвора во застрашувачка потрага по убиец кога идиличниот меден месец на една  совршената двојка ќе биде трагично скратен. Составена наспроти епскиот пејзаж на огромни египетски погледи на пустината и величествените пирамиди во Гиза, оваа приказна за незадржлива страст и неспособна љубомора содржи космополитска група на беспрекорно облечени патници, и доволно злобни пресврти за да ја остави публиката да погодува кој е убиецот се’ до последното, шокантно разочарување.

MV5BMGRhY2FhMjctM2I5ZC00NDEzLTk5NGYtOWRmMjc4N2IxZDdhXkEyXkFqcGdeQXVyNDg1MjQ2MzQ. V1 UX140 CR00140209 AL copy

ШЕФОТ БЕБЕ:СЕМЕЕН БИЗНИС

Компјутерски анимираниот филм „Шефот бебе:Семеен бизнис“ преставува продолжение на филмот „Шефот бебе“ од 2017 година на компанијата Дрим воркс.

И продолжението е создадено од истата екипа:режисерот,Том Мекград и актерите кои ги позајмуваат гласовите на главните јунаци:Ејми Седарис, Џејмс Мардсен,Џеф Годблум, Лиза Кудроу, Алек Болдвин, Ева Лонгорија, Џими Кимел…

Браќата Темплтон станаа возрасни и се оддалечија едни од други, но новото  шеф бебе со врвен пристап ќе ги принуди повторно да бидат заедно – и ќе инспирира нов семеен бизнис.

MV5BMGFkZGY0NTgtMGEyZC00YzhjLTkyOWItYzMzOTljMDA3ZjU2XkEyXkFqcGdeQXVyNzc4NTU3Njg. V1 UX140 CR00140209 AL copy

ДИНА

Еден од најочекуваните филмови во оваа година секако е научно фантастичниот акционен филм „Дина“ во режија на Денис Вилнев . Филмот преставува трета адаптација на научно фантастичниот роман на Френк Херберт по онаа на Дејвид Линч во 1984 година и ТВ серија од 2000 година.

Научно фантастичниот филм „Дина“ ја раскажува приказната за Пол Атреидс, брилијантен и надарен млад научник кој мора да патува на најопасната планета во универзумот за да ја обезбеди иднината на неговото семејство и неговите луѓе.  Злонамерните сили влегуваат  во конфликт околу ексклузивното снабдување на планетата со најскапоцениот  ресурс што постои – материја која е способна да го отклучи најголемиот потенцијал на човештвото. Само оние кои можат да го освојат својот страв ќе преживеат. 

Главните улоги во филмот ги толкуваат:Зендаја, Ребека Фергусон, Тимоти Шаламет, Џејсон Момоа, Џош Бролин, Оскар Ајсак, Дејв Баутиста, Стелан Скаргард, Хавиер Бардем, Шарлота Ремплинг…

images 1 copy

ПОСЛЕДНИОТ ДУЕЛ

Историската драма „Последниот дуел“ја раскажува приказната за Кралот Чарлс Шести кој изјавува дека витезот Жан  де Каруж го решил спорот со својот штитоносец предизвикувајќи го на дуел.

Режисер на филмот е Ридли Скот кому костимираните историски спектакли му се особена слабост („Гладијатор“, “Робин Худ“…). Главните улоги во филмот ги толкуваат:Мет Дајмон, Адам Драјвер, Џоди Комер, Бен Афлек, Натаниел Паркер…

Премиерата на филмот како и на филмот „Дина“ е закажана за месец октомври.

MV5BZWE4NDkyNDktZWI0Zi00ZGMwLWFhNmUtMjU2ZTgyZWNkZTVkXkEyXkFqcGdeQXVyODk2NDQ3MTA. V1 UX140 CR00140209 AL copy

СЕМЕЈСТВОТО АДАМС 2

Компјутерски анимираниот филм „Семејството Адамс 2“преставува продолжение на предходниот анимиран филм од пред две години и говори за новите авантури на семејството Адамс.

Гласовите на главните јунаци ,каки во првиот филм, ги позајмуваат:Чарлиз Терон, Оскар Ајсак, Бил Хадер, Ник Крол, Бет Мидлер, Снупи Дог. Режијата на филмот ја потпишуваат:Грег Тиернан, Конрад Вернон и Лаура Бросо.

MV5BOTYzMTlhM2ItMmFkYi00ZTJhLTg3MWQtNzM1NTRkM2NiNzRjXkEyXkFqcGdeQXVyNTE1NjY5Mg. V1 UY209 CR70140209 AL copy

ВЕЧНИ

Акционата авантуристичка драма „Вечни“ е уште еден филм кој е работен според делата на Марвел .Режисер на филмот е Клое Жао која стои зад филмот „Земја на номади“ која го освои Златниот лав во Венеција во изминатата година и е еден од најсериозните  кандидати во трката на предстојните филмски награди ,вклучувајќи ги и Оскарите.

Следејќи ги настаните на „Одмазници:Крајна игра“ (2019) , неочекувана трагедија ги принудува вечните векови, антички вонземјани кои илјадници години тајно живеат на Земјата, да излезат од сенките да се обединат против најстариот непријател на човештвото, Девијантите.

Во филмот настапуваат:Анџелина Џоли,Ричард Меден, Ема Чан, Салма Хајек, Кумаил Нанџиани и други.Инаку ова е 25 филм кој е снимен според делата на Марвел.Што би рекле –златниот рудник нема крај.

MV5BY2ZhODllZDAtYzQwZS00ODVlLWFiYjMtMzA0ZjI5NjA4ZTA4XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UX140 CR00140209 AL copy

ПРИКАЗНА ОД ЗАПАДНАТА СТРАНА

Она што требаше да се случи кон крајот на изминатата година, заради пандемијата , ќе се случи кон крајот на оваа година.Имено, на 10 декември оваа година треба да биде одржана премиерата на мјузиклот „Приказна од западната страна“ во режија на Стивен Спилберг. Ако ви се чини дека насловот на филмот ви е познат , не се лажете.

Филмот преставува адаптација на мјузиклот од 1957 година, „Приказна од западната страна“кој  ја истражува забранетата љубов и ривалството меѓу две тинејџерски улични банди од различно етничко потекло.

Во 1961 година режисерите Џереми Робинс и Роберт Вајс направија екранизација на овој мјузикл кој освои 10 награди Оскар меѓу кои и оној за најдобар филм.

Од таму ќе биде мошне интересно да се види како ќе помине верзијата направена од еден од најдобрите режисери на сите времиња , Стивен Спилберг.

Во оваа нова верзија главните улоги ги толкуваат:Ансел Елгорт, Рејчел Зелер, Аријана Де Боузе, Давид Алварез, Мајк Фаист, КЕртис Кук, Корил Стол и многу други. Интересно е да се спомене дека во филмот настапува и актерката Рита Морено која играше и во првиот филм пред точно 60 години.

На овој список не се најдоа голем број на филмови кои се снимаа во текот на пандемиската 2020 година а кои оваа година би требало да бидат завршени и пред публиката да излезат до крајот на оваа година. На овој список меѓу другите се наоѓаат и филмовите:

Мисија невозможна 7,Матрикс 4,Филмот за Елвис Присли,Шерлок Холм 3, Спајдермен , Гучи….

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 148
Share
Previous Post

Одржана е конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО

Next Post

Денес им е роденден: Стефани Стефановска – Мурат

Next Post
Денес им е роденден: Стефани Стефановска – Мурат

Денес им е роденден: Стефани Стефановска - Мурат

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 148

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk