• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Одржана е конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО

јануари 15, 2021
in Актуелно
Одржана е конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО

Националната комисја за УНЕСКО на Република Северна Македонија денеска ја одржа конститутивната седница, на платформата Зум.

По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура, Ирена Стефоска.

Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите кои се поврзани со светската организација.

Министерката Стефоска ги информираше членовите  за начините на остварување на соработката со УНЕСКО на Националата комисија и координација со ресорните органи, институции, организации со Секретаријатот на Националната комисија. Беа посочени и приоритетите на Северна Македонија пред следната Годишна конференција на светската организација, а кои се однесуваат на потребата за зајакнување на соработката на нашата земја со УНЕСКО во сите програмски области и на сите нивоа (комитети, одбори и сл.) и поголемо учество на младите во активностите на организацијата.

Комисијата беше информирана и за поднесената апликација за поставување на црквата Св.Ѓорги во Курбиново на тентативната (пробна) листа на УНЕСКО. Ова е прва апликација за запишување на листата за светско културно и природно добро од нашата земја до УНЕСКО по 1978 година, кога Охридскиот регион бил впишан на оваа листа.

Членовите на Националната комисија беа запознаени со трите македонски проекти од областа на културата, науката и заштитата на животната средина кои се одобрени во рамките на Програмата на УНЕСКО за партиципација за 2020-2021 година.

На следната седница Националната комисија ќе го разгледа Извештајот за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот за спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесена на неговата 43 сесија (Баку, Азербеџан, 2019), како и финалниот извештај по Реактивната мисија во Охридскиот регион кој ќе биде официјализиран на почетокот на февруари.

Извор: www.kultura.gov.mk 

Посетеност: 129
Share
Previous Post

Нови 19 случаи со Ковид во Охрид

Next Post

Филмови кои не треба да се пропуштат во 2021 (2)

Next Post

Филмови кои не треба да се пропуштат во 2021 (2)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 129

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk