Еден од најмногу адаптираните романи за филмското платно, но и за други медиуми,секако е романот „ Клетници “ на францускиот писател Виктор Иго кој бил издаден во 1862 година ,кој се смета за најпознат роман оа 19 век.Тој ги следи животите и меѓусебните односи на неколку ликови од Франција во 20 годишен период од раниот 19 век, кој ја вклучува ерата на владеењето на Наполеон и десетлетието по неа.
Романот воглавно се занимава со животот и делата на својот главен јунак-некогашниот затвореник Жан Валжан ,кој се обидува да се искупи за своите гревови а низ ефектите на делата на Валжан се наѕира и општествениот коментар на авторот.Романот ја истражува природата на доброто, злото и правото а истотака се занимава и со историјата на Франција, архитектурата на Париз,политиката,моралната филозофија,правото,правдата,религијата како и со врстите и природата на романтичната и семејната љубов.
Виктор Иго за својот роман бил инспириран со животот на една вистинска личност- некогашниот криминалец и познат полицаец Франсоа Еуген Видок,чиј лик е раздвоен во романот на два главни лика .
„ Клетници“, како што веќе рековме ,е познат по големиот број на театарски ,филмски и телевизиски адаптации од кои можеби е најпознат театарскиот мјузукл ,понекогаш познат под прекарот„ Ле Миз“.Што се однесува на филмските адаптации ,кои се предмет на нашето интересирање,почнувајќи од 1907 година кога режисерот Алис Гај Блаше го направил филмот „ На барикадите“ ,кој всушност преставува адаптација на романот на Виктор Иго ,па се’ до 2012 година кога режисерот Том Хупер го направи своето видување на романот “ Клетници“ како мјузикл, биле направени вкупно 46 разни верзии од кои три се анимирани.
И пред да ве потсетиме на на неколку од најпознатите адаптации за филмското платно ,само да кажеме дека ова дело доживеало екранизации во Јапонија,Русија,Мексико, Египет, Индија, Франција, САД, Бразил, Кореа, Турција, Англија , Канада и Итал
Една од првите попознати адаптации ,особено на нашиве простори, секако е онаа од 1958 година . Се работи за француската верзија на режисерот Жан- Пол Ле Шано , која премиерно била прикажана на 12 март.1958 година.
Гланата улога во филмот ја толкува, мошне сугестивно ,познатиот француски актер Жан Габен а останатите улоги им се доверени на Бернар Блие,Даниел Делорм,Бурвил,Џани Еспозито,Серж Реџиани и многу други.
Филмот во оригинална верзија трае 210 минути и овде во Македонија ,таму некаде во почетокот од 60 тите години од изминатиот век,се прикажувал во два дела.
Познатиот француски актер и режисер Робер Осеин во 1982 година направи своја верзија на ова дело на Виктор Иго.
Ликот на Жан Валжан тој му го довери на познатиот француски актер Лино Вентура.Покрај него во филмот настапуваат уште и Мишел Буке,Евелин Боа,Жан Кармет –кој освои награда Цезар за најдобра епизодна улога во 1983 година,Кристијана Жан и многу други.Режисерот Робер Осеин на Московскиот Филмски Фестивал во 1983 година беше награден со специјална награда на жирито.
Мошне интересна француска верзија, според делото на Виктор Иго, направи познатиот француски режисер Клод Лелуш, кој да се потсетиме во 2008 година беше гостин овде во Охрид во рамките на првиот Фестивал на Францускиот Филм . Тој во 1995 година направи свое видување на романот „Клетници“ кога дејствието на филмот го смести за време на втората светска војна.
Главниот лик ,именуван како Хенри Фортин односно Жан Валжан ,го толкува актерот Жан Пол Белмондо.
Филмот е добитник на повеќе меѓународни на гради и признанија од кои секако највредна е Златниот Глобус за најдобар странски филм за 1996 година .
Една од попознатите верзии на делото на Виктор Иго „ Клетници“ секако е онаа од 1998 година во режија на познатиот дански режисер Бил Аугуст во кој настапува мошне позната актерска екипа предводена од Лиам Нисон кој го толкува ликот на Жан Валжан .
Покрај него настапуваат уште и оскаровецот Џефри Раш ,Ума Турман,Клер Дејнс во улогата на Козета, Ханс Матесон ,Џон Кени и други.Филмот е сниман на локации во Чешката република како и и во познатото студио Барнадов во Прага. Инаку ,филмот преставува копродукција помеѓу Велика Британија,Германија и САД.
И за американските филмаџии делото на Виктор Иго било голем предизвик.Така, во далечната 1935 година режисерот Ричард Болеславски ја направил верзијата на „ Клетници“ во црно бела техника која траела 108 минути и во која главната улога ја толкувал тогаш големата американска ѕвезда Фредерик Мерч кој го играл ликот на Жан Валжан.Негов партнер е извонредниот актер Чарлс Лејтон во улогата на инспекторот Жавер.
Познатиот режисер Луис Милестон во 1952 година ја снимил верзијата на „ Клетници“ во која ликот на Жан Валжан го играл актерот Мајкл Рение. Во оваа верзија познатата и популарна актерка во тој период ,Дебра Пеџет го игра ликот на Козе
Најпознатата адаптација на делото на Виктор Иго ,секако е онаа од 2012 година во режија на оскаровецот Том Хупер во кој настапува ѕвездена актерска екипа во состав:Хју Џекмен,Расел Кроу,Ен Хатавеј,Аманда Сејфилд ,Саша Барон Коен,Хелена Бонам Картер, Еди Рејдмен…
Се работи за мјузикл во американско британска копродукција која имаше буџет од 61 милион долари а само во американските кино сали успеа да заработи над 150 милиони долари.Филмот успеа да освои дури 83 филмски награди и 154 номинации за награду од кои најважни се секако освоените 3 Оскари од осумте номинации за Оскар и трите награди златен глобус.
Делото на Виктор Иго било екранизирано и во италјанската кинематографија во далечната 1948 година кога режисерот Рикардо Фредо го направил филмот „Клетници “ во два дела.
Носечкиот лик во филмот,Жан Валжан, го играл тогаш мошне познатиот италјански актер Џино Черви а останатите улоги ги толкувале Валентина Кортезе, Луиџи Павезе и други.
Делото на Виктор Иго освен за големото платно е адаптирано и за потребите на телевизијата. Една од најпознатите адаптации е онаа од 2000 година во режија на Хозе Дајан. Се работи за телевизиска серија во француска продукција во која учествуваат Жерар Депардје кој го толкува ликот на Жан Валжан а тука се уште и Кристијан Клавие,Шарлота Гинсбург, Вирџин Ледоајен,Азија Арџенто,Жана Моро, Џон Малкович…
Не помалку амбициозен е и телевизискиот филм „ Клетници“ од 1978 година во англиска продукција а во режија на Глен Џордан.Во оваа адаптација настапуваат Ричард Џордан,Ентони Перкинс,Сирил Гусак, Џон Гилгуд, Јан Холм , Селма Џонсон…
„Клетници“ доживеаја и неколку адаптации како мјузикл од кои секако најпознат е оној од 1995 година кој е изведен премиерно на сцената на Ројал Албрт Хол во октомври 1995 година.Мјузиклот е издаден во дивиди формат во 1998 година.Инаку овој мјузикл е поставен и на сцените во Франција,Германија,Јапонија,Унгарија,Шведска, Полска, Холандија,Канада, Австрија, Австралија, Норвешка,Чешката република,Данска, Ирска,Исланд и САД.
Во следното продолжение ќе Ве потсетиме на делото „Побуна на бродот Баунти“ на Чарлс Нердоф и Џејмс Норман Хел и романот на Ернест Хемингвеј „Старецот и морето“.
Автор: Ѓоко Симјаноски / Публицитет.мк