• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Глобус: „Охридско лето“ – „Стари времиња“ со Охридскиот театар, доминантна режија на Нела Витошевиќ и игра на Ирена Ристиќ

август 11, 2015
in Култура

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

Многу сеќавања, или “растурена сложувалка” на сеќавања, или влијанието на старите времиња на денешниот живот … е најновата театарска претстава на режисерката Нела Витошевиќ. Се работи за психолошката драма на највлијателниот англиски драмски писател во средината на 20 век, нобеловецот Харолд Пинтер “Стари времиња”, продукција на Народниот театар во Охрид (при НУ “Григор Прличев” – Охрид). Драмите на Пинтер се изедуваат често, а според некои се снимени и филмови. 

Неговите почитувачи и светот се сеќаваат на видео-линкот од 2005 година, кога веќе како тешко болен не можеше лично да ја прими Нобеловата награда, Пинтер ни порача: “..Кога ќе се видиме во огледало, мислиме дека сликата што ја гледаме е реална. Но, ако се поместиме и милиметар, сликата се менува. Ние, всушност, гледаме бескрајни одрази. Но писателот, понекогаш, мора да го разбие тоа огледало, зашто од другата страна на токму тоа огледало вистинита не гледа право в лице…”.

Ова поврзување на таа порака на Пинтер, е директно поврзување и со неговите “Стари времиња” и со претставата по оваа драма ја создала Нела Витошевиќ. Камерната изведба со трите лика од драмата, Витошевиќ на прво ниво оваа тешка психолошка драма ја разбива низ своето сценографско решение. 

Просторот е неправилен отворен кон публиката триаголник во кој таа ги сместува тројцата актери/ликови – Ирена Ристиќ, Јасмина Билаловиќ и Горан Стојаноски. Второто е зрелоста на сите во претставата да ги играат животите на јунаците: приказните/сеќавањата на две дамнешни другарки и една брачна двојка. Практично, го играат триаголникот во кој се сместиле нивните животи. Тројцата се во своите средни четириесетти години кога старите спомени/времиња го реметат сегашно време: копнежите, љубовта, вљубеноста, изневерата, сеќавањата… 

Режијата на Витошевиќ, со точни назнаки во кои секое зошто има затоа, префинето ги покажува сите места/парчиња на сложувалката и, се разбира, не поставува ниту прашања ниту нуди одговори. Вистината е различна, како онаа во огледалото за кое говореше Харолд Пинтер. 

Повеќе во тишина, без шумови и дискретен избор на музиката (исто на Нела Витошевиќ) и во едноставните костими на Розе Трајчевска, режисерката и тројцата актери го разголуваат животот од некогаш – денес. Оние “стари времиња” кои денес, преку спомените од минатото, ги откриваат фрустрациите, копнежите, болките. 

а да се долови сета таа сложена ситуација, која како текст е и мошне статична, потребна е зрелоста размислување, концепт и игра. Сето тоа Нела Витошевиќ го нашла во себе, но и во актерката што “ќе ја води” – играта на искусната Ирена Ристиќ.

Во блискиот контакт со гледачот (сите сме на сцена – актерите и гледачите) Ирена Ристиќ со совршената точност што таа ја води/гради и ја определува режијата на Витошевиќ, ликот го создава со точна и сигурна актерска игра. Она што “го игра” станува столб на дејствието: реална чувствителност, прашалници без одговори. Таквиот концепт и точност на играта им го отвораат и просторот на Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ, во нивните ликови. 

На сите тројца им недостасува почист говор (точно акцентирање), а на Билаловиќ и доза на смиреност. 

Во секој случај Нела Витошевиќ и Ирена Ристиќ направиле добар избор, добра претстава со многу замки кои меѓусебе ги решиле. И за себе и за Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ, и за Народниот театар во Охрид кој, токму со “Стари времиња”, заслужено влезе во конкуренција на меѓународната театарска програма на 55. Охридско лето. 

Извор:Глобус магазин.мк 

Посетеност: 154
Share
Previous Post

Наградениот расказ на конкурсот „Живко Чинго“ од Димитар Димоски

Next Post

Филмови според литературни дела (2) : „Клетници“

Next Post

Филмови според литературни дела (2) : „Клетници“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 154

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk