Александар Димa,познат како Дима таткото,е еден од зачетниците на таканаречениот роман – фељтон. Александар Дима е всушност писател со неверојатно вроден талент, со богата фантазија и жив дух.
Тој подеднакво имал успех и во театарските дела како и во истотриските романи.Негово најпознато дело е авантуристичкиот роман „ТРОЈЦАТА МУСКЕТАРИ“, познат по мошне интересниот заплет,многуте авантури како и по симпатичните и храбри јунаци. Влијанието на историско авантуристичките романи на Дима се почуствувало во такаречи целокупната европска популарна литература.Александар Дима бил најпопуларниот романописец и драматичар на своето време (1802-1870). Во својата писателска кариера напишал, самиот или во соработка со други писатели,околу 300 романи и драми. За театарот е заслужен заради тоа што тој е автор на првата историска романтична драма „ Хенри III и неговиот двор “.
Неговиот прв успех е романот „Тројцата мускетари“ кој го напишал во1844 година и кој говори за авантурите на тројцата,нешто подоцна четворицата,кралски мускетари,младиот гасконец Д‘Артањан, Арамис, Портос и Атос.Приказната ги прикажува авантурите на Д‘Артањан и неговите пријатели во периодот помеѓу 1625 и 1628 година кои се вмешани во интригите на лудиот крал Луј XIII , неговиот моќен советник кардиналот Ришеље,прекрасната кралица Ана Австриска,нејзиниот англиски љубовник Џорџ Вилер, првиот гроф од Бакингем и случувањата во тврдината Ла Рошел.Во интригата се вплеткува и мистериозната Миледи Де Винтер, за која подоцна ќе се дознае дека е сопруга на мускетарот Арамис,и десна рака на Ришеље,Конте Де Рошефо.
Овој роман на Александар Дима одсекогаш бил инспирација за филмаџиите уште од појавата на филмот.Досега се направени над сто екранизации било како филм,тв серија ,тв филм или анимиран филм.Не сметајќи ги првите три-четири екранизации направени во 1898, 1903 и 1909 година,првата посериозна екранизација на „Тројцата мускетари“ е направена во два дела во 1911 година како нем филм за студиото Едисон со Сидни Бут во главната улога.Во1921 година французите направиле нема верзија на ова дело а во истата година од другата страна на „големата бара“ во Америка бил снимен истотака нем филм за тројцата мускетари со Даглас Фербанкс во главната улога.
Во 1933 година французите направиле римејк на филмот од 1921 година која всушност била и првата звучна верзија на ова дело а компанијата РКО во 1935 година црно- бела верзија со Волтер Абел во главната улога.Американците четири години подоцна во 1939 година направиле комична верзија на делото на Александар Дима со учество на тогаш популарниот актер Дон Амече и браќата Риц.
Една од најпознатите американски верзии секако е онаа од 1948 година.Се работи за филмот Тројца мускетари“ во режија на Џорџ Сидни во техниколор верзија во која актерот Џин Кели го игра ликот на Д‘Артањан,Ван Хефлин го игра Атос, Гиг Јанг е Портос а Роберт Коте во ликот на Арамис.Тогашната голема ѕвезда Лана Тарнер го игра ликот на Лејди Де Винтер додека актерката Ангела Линсбери е кралицата Ана. Филмот својата премиера ја доживеал на 20 октомври 1948 година.Има еден интересен податок кој е сврзан со овој филм. Имено, филмот „Тројцата мускетари“ овде во Охрид во киното „ Охридско Езеро“ бил прикажан во периодот помеѓу 29 мај и 1 јуни 1952 година кога биле одржани 13 кино претстави.
Французите во 1953 година прават една од своите најдобри верзии во режија на Андре Инебел со Џорџ Маршал и Бурвил во главните улоги. Не помалку интересна е и француската верзија направена во 1961 година во два дела во режија на Бернар Бордери со Жерар Бери како Д‘Артањан, Милен Демонжо ,Гај Делорм и Жан Кармет во останатите улоги.
Американците не се предаваат па така во 1973 година режисерот Ричард Лестер ќе го направи филмот “Тројцата мускетари“ со Мајкл Јорк како Д‘Артањан,Оливер Рид како Атос, Френк Финли како Портос и Ричард Чемберлен како Арамис. Во оваа ѕвездена екипа учествуваат уште и Жан Пјер Касел како кралот Луј XIII ,Џералдина Чаплин како кралицата Ана од Австрија, Чарлтон Хестон како кардиналот Ришеље, Феј Данавеј како Миледи Де Винтер, Кристофер Ли како грофот Рошефо,Ракел Велч како Костанца …По големиот успех ,една година подоцна истата екипа го реализира продолжението на овој филм именувано како „ Четворицата мускетари“.
Продукцијата на Волт Дизни во 1993 година го реализира филмот “ Тројцата мускетари“ во режија на Стефан Херек. Во оваа верзија Арамис го игра Чарли Шин, Атос го игра Кифер Сатерленд, Портос го интерпретира Оливер Плат а младиот актер Крис О’ Донел е задолжен за ликот на Д‘Артањан.Оваа верзија се памети и поголемиот музички хит на кантавторот Брајан Адамс „С’е за љубовта“ која ја пее заедно со Род Стјуарт и Стинг.
Во 2001 година режисерот Петер Хајамс го направи филмот „ Мускетар“ во кој главните улоги им беа доверени на актерите Тим Рот, Кетрин Денев,Мена Сувари, Стивен Риа…Филмот ќе се памети како една од најлошите екранизации на делото на Александар Дима.Имено, иако се работеше за една од најамбициозните верзии на делото на Дима со буџет од 40 милиони долари ,сепак филмот имаше катастрофални резултати на кино благајните ширум светот. Успеа да заработи само 27 милиони долари кои не беа доволни ниту да ги покријат вложените пари во него.
Француско – англиската копродукција „ Д’Артањан и тројцата мускетари “ беше реализирана во 2005 година во режија на Пјер Анакин.Ликот на Д’Артањан му беше доверен на актерот Винсент Елбаз а француската актерка Емануел Беарт го играше ликот на Миледи Винтер.
Една од последните филмски екранизации на делото на Александар Дима е секако мошне амбициозниот проект „Тројцата мускетари“на режисерот Пол Андерсон од 2011 година,со буџет од 75 милиони долари.Филмот на кино благајните во САД заработил ептен скромни 20-тина милиони долари. Филмот го „извадила “ заработката во остатокот од светот каде инкасирал над 110 милиони долари. Во филмот улогите на мускетарите ги толкуваат младите актери Метју Мекфајден,Лук Еванс, Реј Стивенсон и Логан Лерман кои во изминатите неколку години станаа големи ѕвезди во неколку филмски блокбастери. Остатокот од екипата ја сочинуваат актери кои веќе се докажани и познати во филмскиот свет.Мила Јововиќ,Мадс Микелсен, Кристоф Волц, Орландо Блум …се некои од нив.
„Тројцата мускетари“ досега доживеале и 12 тина адаптации како телевизиски филм ,15 тина адаптации како телевизиска серија од кои последната во изминатата 2014 година „ Мускетари“во режија на Едриен Хоџес кога беше емитувана првата сезона со 10 епизоди а останатите две сезони се очекува да бидат емитувани во оваа 2015 и следната 2016 година , потоа како анимирани филмови почнвајќи од Том и Џери како „двајцата мускетари“ па се до„ Барби и тројцата Мускетари“ во 2009 година.Делото на Дима е адаптирано повеќепати и како мјузикл а е изведувано на повеќе театарски сцени во светот.
„Тројцата мускетари“ во некоја од споменатите форми (филм,тв филм,тв серија, анимиран филм, мјузикл) најмногу адаптации има доживеано во Франција и САД.Но со ова дело се занимавале и филмските творци во Велика Британија, Италија, Шпанија,Чехословачка,Русија,Данска,Холандија,Белгија,Украина, Латвија,Аргентина, Мексико,Уругвај,Бразил,Панама, Филипини ,Тајван, Австралија,Канада …
Поголем број екранизации од секаков вид доживеале и голем број други дела на Александар Дима како на пример:ГРОФОТ МОНТЕ КРИСТО,ЧОВЕКОТ СО ЖЕЛЕЗНА МАСКА, КРАЛИЦАТА МАРГО, ЦРНОТО ЛАЛЕ…
Ѓоко Симјаноски / Публицитет.мк