Денеска напладне во Концертната сала на ОМУ „Методи Патче“ ќе биде промовирана монографијата „Педесет години ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
а Автори на ова капитално дело за училиштето, музичката култура во градов и Македонија се м-р Нина Момировска, директор на Музичкото училиште и новинарот и публицист м-р Милчо Јованоски. Промотор на монографијата ќе биде Радмила Попоска, професор по флејта.
Промоцијата со својот настап ќе ја збогатат младите – надежни и веќе наградувани ученици од ОМУ „Методи Патче“ Џеврије Туле на пијано и Даниел Мојсоски – виолина.
Публицитет.мк