До крајот на оваа исклучително тешка година остануваат уште десетина дена.Обично во овој период од годината се прават рекапитулации на она што се случило или направило во годината што ги брои последните денови со надеж дека следната година ќе донесе поубави нешта кои ќе останат во паметењето и спомените кај сите луѓе од светот.
Но, за жал се случи пандемијата и од корен се променија нештата а сите желби и надежи за поубаво утре се распрснаа како балони од сапуница.
Да се говори за случувањата во културата во ваква ситуација , можеби по малку изгледа неправедно ,но од друга страна таа е сегмент кој е мошне важен во животот на луѓето бидејќи таа го одржува духот и вербата во подобро утре.
Дел од неа секако е и филмската уметност која како и другите области од живеењето претрпе огромни штети како од творечка така и финансиска гледна точка.
За разлика од другите години кога филмскиот бизнис носеше заработки од милијарди долари, оваа година филмскиот бизнис на компаниите им донесе огромни загуби чија вредност се мери во милијарди. Затворени кино сали, одложени премиери на најголемите блокбастери во кои се вложени огромни парични средста, откажани реализации на нови филмски проекти…се само дел од она што го донесе оваа година а ќе биде пренесено и во следната 2021 година.
Сето ова придонесе да се изместат многу нешта и во делот на сумирањето на резултатите од она што беше сработено и прикажано по фестивалите, отворените па затворените кино сали, стриминг платформите…за да се вреднуваат резултатите од уметничка гледна точка на остварувањата од оваа година и да бидат наградени најдобрите , нешто што беше вообичаено досега.
Оваа плима на филмски награди , вообичаено започнуваше некаде во половината на месец ноември кога се доделуваа Наградите по избор на народот , за да продолжат со наградите по избор на критиката за документарни филмови.
Почетокот на декември беше резервиран за Британските награди на незвисниот филм како и за доделувањето на наградите на независниот филм , попознати како Готам.
Месец декември беше познат и по тоа што во него своите награди ги објавуваа и филмските критичари од скоро сите поголеми градови ви САД. Традиционално, првите резултати доаѓаа од критичарите од Њујорк. Да се потсетиме дека наградите се доделуваат во скоро истите категории во кои се доделуваат и најзначајните филмски награди Оскарите, односно добивањето на некоја од овие награди значи влез во друштвото на номинираните за највредното филмско признание.
Но , оваа година тој вообичаен календар на доделувањето и соопштувањето на наградите кои ги споменавме е сосема изменет заради пандемијата.
Така досега само здружението на критичарите од Бостон на 13. декември ги објавија своите награди за најдобрите во оваа 2020 година а вчера здружението на критичарите во Чикаго кои ја објавија листата на номинираните за наградите на ова здружение кои ќе бидат соопштени на 21. Декември. Сите останати здруженија на критичари почнувајќи од Њујорк па се’ до Лос Анџелес тоа ќе го направат во деновите до крајот на годинава и почетокот на следнатагодина.
Една од најзначајните награди „Избор на критиката“ која оваа година се доделуваат по 26 пат, своите номинации за наградите ќе ги објави на 8.февруари.2021 г. а наградите ќе ги додели на 7.март.Да се потсетиме дека за наградите гласаат 300 Тв, радио и онлајн критичари од САД и Канада.
30.Награди на независниот филм именувани како „Готам“ кои требаше да бидат објавени овој месец , ќе бидат доделени на 11. Јануари.2021 година а номинациите беа објавени на 12 .ноември.
Едни од најпрестижните награди „Златен Глобус“ кои се доделуваа традиционално на почетокот од годината а номонациите на почетокот од декември, овој пат ќе бидат доделени на 28.февруари следната година а номинациите за наградите ќе бидат објавени на 3. Февруари.2021 година.
Следствено на ова и сите останати еснафски награди на здруженијата на актерите, режисерите, сценаристите, продуцентите…како и националните филмски награди како Бафта(Велика Британија), Цезар (Франција), Давид Ди Донатело (Италија) …своите награди ќе ги доделуваат во периодот март, април .2021 година. Така на пример Шпанија својата национална филмска награда „Гоја“ оваа година по 35 пат ќе ја додели на церемонијата која ќе се одржи на 6.март во Малага.Според правилата на нивната Филмска Академија ќе бидат опфатени филмовите направени помеѓу 1. Јануари и 31 .декември. 2020 година. А нив според најавата ги има вкупно 150 што е за десет повеќе одколку во предходната година.Номинациите за овие награди ќе бидат објавени на 11. Јануари. 2021 година
Како што веќе од порано е објавено главните филмски награди Оскарите ќе бидат доделени на церемонијата во Долби театарот во Лос Анџелес на 25.април а номинациите ќе бидат објавени на 15.март.2021 година. Инаку Оскарите беше предвидено да бидат доделени на 28. Февруари.2021 година.
За крај од оваа информација, да се навратиме на првите награди за филмските остварувања од оваа 2020 година кои први ги додели здружението на филмските критичари од Бостон во неделата на 13. декември,добитници чии имиња можеби ќе се споменуваат и кај другите здруженија на критичари кои своите награди ќе ги обелоденат во наредните денови.
Еве ги имињата на наградените :
Најдобар филм:ЗЕМЈА НА НОМАДИТЕ во режија на Клое Жао
Најдобар актер :ЕНТОНИ ХОПКИНС за улогата во филмот „Татко“
Најдобра женска улога: СИДНИ ФЛАНИГАН за улогата во филмот „ Никогаш, ретко некогаш, секогаш“
Најдобра споредна машка улога:ПОЛ РАЦИ за улогата во филмот „Звук на метал“
Најдобра споредна женска улога:ЈУ-ЏУНГ ЈУН за улогата во филмот „ Минари“
Најдобар режисер: КЛОЕ ЖАО за филмот „Земја на номадите“
Најдобро сценарио :ЧАРЛИ КАУФМАН за сценариото на филмот „Размислувам да ставам крај на работите“
Најдобар актерски ансамбл: ЦРНОТО ДНО НА МА РЕЈНИ “ во режија на Џорџ Волф во кој главните улоги ги толкуваат:Виола Дејвис, Чедвик Босеман, Колман Доминго, Мајкл Потс, Џереми Шамос, Глин Турман…
Најдобар режисер дебитант. ФЛОРИЈАН ЗЕЛЕР за филмот „ Татко“
Најдобар анимиран филм :КУЌАТА НА ВОЛКОТ на режисерите Жоакин Кочина и Кристобал Леон (геманско чилеанска копродукција)
Најдобар меѓународен филм:ЛА ЛОРОНА во режија на Џајро Бустаманте
(гватемалско француска копродукција)
Најдобар документарен филм:КОЛЕКТИВ на режисерот Александар Нанау (романско луксембурска копродукција)
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк