И во четвртиот месец од оваа година кино салите ширум светот во некои земји целосно се затворени а во некои работат со прекини притоа спроведувај ќи ги сите предвидени заштитни мерки против пандемијата со Ковид – 19.
Следствено на ова и филмската понуда за овој месец е мошне скромна . Во кино салите ,според најавите досега, предвидено е прикажување на дваесетина нови филмски остварувања. Со дел од нив ќе ве запознаеме денес а со дел во втората половина од овој месец.
ГОДЗИЛА ПРОТИВ КОНГ
Овој научно фантастичен филм својата премиера требаше да ја има во ноември 2020 година но заради пандемијата неговата меѓународна премиера се одржа пред неколку дена на 24. март а во САД започна со прикажување на 31.март. Филмот од 25.март се прикажува и во нашата земја , се разбира, онаму каде што работаат кино салите.
Научно фантастичниот филм „Годзила против Конг“ кој говори за судирот помеѓу најголемите филмски чудовишта , преставува продолжение на филмовите „Годзила:
Кралот на чудовиштата“ од 2019 и „Конг:Островот на черепите“ од 2017 година.
Интересно е дека ова е 36 филм од франшизата за Годзила , 12 филм од франшизата за Кинг Конг и четврти филм за Годзила кој целосно е продуциран од холивудско студио.
Филмот имал буџет од 200 милиони долари и е во режија на Адам Винград.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Александар Скарскаг, Мили Боби Браун,Ребека Хол, Шун Огури, Еиза Гонзалес, Џулијан Денисон и други.Во филмот луѓето се сведоци на колосалниот судир помеѓу најголемите светски суштества Годзила и Конг кои се борат за тоа кој ќе владее во светот на Титаните.
НЕСВЕТИОТ
Филмот преставува хорор во режија на Еван Спилиотопулос во кој настапуваат Џефри Дин Морган,Крикет Браун, Вилијам Садлер, Кери Елвес…
Приказната на филмот говори за Дева Марија која е посетена од едно девојче со оштетен слух. По средбата на девојчето и се враќа слухот започнува да зборува и има моќ да лекува луѓе. И додека луѓето се собираат за да бидат сведоци на нејзините чуда, започнуваат да се случуваат засташувачки настани. Дали тие се дело на Дева Марија или нешто уште позлобно?
СЕКОЈ ЗДИВ ШТО ГО ЗЕМАШ
Филмот преставува необичен психолошки трилер кој говори за еден психијатар чија кариера е доведена во прашање кога една негова пациентка ќе си го одземе животот.Кога тој ќе го покани братот на неговата пациентка во неговиот дом да се сретне со неговата сопруга и неговата ќерка, неговиот семеен живот одеднаш се распаѓа.
Главните улоги во филмот гитолкуваат: Мишел Монаган, Сем Клафин, Кејси Афлек, Емили Алин Линд и Вероника Ферес . Режисер на филмот е Вон Штајн.
ДЕВОЈЧЕТО КОЕ ВЕРУВА ВО ЧУДА
Се работи за семејна драма говори за малечката Сара Хопкинс , која за разлика од повеќето луѓе е подготвена да го држи Господ за збор.Со други зборови, кога ќе го слушне проповедникот кој вели дека верата може да помести планини, таа започнува да се моли.Она што започнува со исцелување на една птица на мистериозен начин, доведува до тоа сите луѓе во градот да бидат излекувани од својата мизерија и несреќа.
Но,вниманието на печатот за чудото во градот наскоро ќе и нанесат голема штета на Сара.Дали нејзиното семејство ќе може да го спаси своето чудо од девојче пред да биде предоцна?
Режисер на филмот е Ричард Корел а главните улоги ги толкуваат: Мира Сорвино, Кевин Сорбо, Питер Којот и Томи Роуз.
ВОЈАЏЕРИ
Дејствието на овојав антуристички научно фантастичен филм со елементи на трилер е сместено во блиска иднина. Филмот ја прикажува одисејата на 30 млади мажи и жени кои се испраќаат длабоко во вселената во мулти-генерациска мисија во потрага по нов дом. Мисијата прераснува во лудило, бидејќи екипажот се враќа во најпристојната состојба, не знаејќи дали вистинската закана со која се соочуваат е она што е надвор од бродот или во него.
Режисер на филмот е Нил Бургер кој го потпишува и сценариото на филмот а главните улоги ги толкуваат: Колин Фарел, Тај Шериден, Лили Роуз – Деп, Шанте Адамс, Квинтеса Синдел и други.
ПОНЕДЕЛНИК
Романтичната драма „Понеделник“ преставува грчко англиска копродукција во режија на Аргирис Пападимитропулос. Филмот всушност преставува еден вид на продолжение на неговиот фестивалски хит „Сунтан“.
Кога Мики (Себастијан Стен) во една жешка ноќ во Атина ќе ја запознае Клои (Дениз Гоф)меѓу нив веднаш се појавува нескриена симпатија која и пред да се свестат завршува следното саботно утро кога ќе се разбудат голи на песочната плажа.И така, од двајца осамени во петок тие доживуваат прекрасна викенд романса која води до сериозни разговори кога ќе се соочат со суровата сончева светлина во понеделник наутро. Филмот дава еден забавен но изненадувачки и реален поглед на одлуките со кои сите треба да се соочиме кога забавата ќе заврши и кога сонцето ќе изгрее во понеделник.
Светската премиера филмот ја имаше на 11септември 2020 година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто откако неговата првична премиера која требаше да се случи на Филмскиот фестивал Трибека на 15 април 2020 година а која беше одложена заради пандемијата Ковид 19.
Филмот во кино салите треба да започне со прикажување од 16.април.
ПОБЕДИ
На 16 април во кино салите би требало да започне да се прикажува и акциониот криминален трилер „Победа“ на режисерот Џорџ Гало.Во филмот главните улоги ги толкуваат:Руби Роуз, Морган Фримен, Патрик Мулдои, Џули Лот, Екатерина Бекер, Ник Валегонга, Ричард Салваторе и други.
Мајката, Викторија, се обидува зад себе да го остави мрачното минато кога била руски курир за наркотици, но пензионираниот полицаец Дејмон ја принудува Викторија да се врати на старите патеки , држејќи ја во заложеништво нејзината ќерка. Сега, Викторија мора да употреби оружје и мотор за да изведе серија насилни акции , бидејќи ако не го направи тоа можеби никогаш повеќе нема да го види своето дете.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк