• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

ФИЛМСКИ ПРЕМИЕРИ ВО ДЕКЕМВРИ (1)

декември 5, 2015
in Филмољубие

   Во последниот месец од годината во кино салите во САД како и во кино салите ширум светот  се очекува премиера на голем број на филмови од сите жанрови или што би рекле за сите вкусови. Филмската пред божиќна трпеза има понуда за сечиј вкус:Божиќни филмови, комедии, драми , трилери, научно фантастични приказни и што уште не. Од големата предпразнична филмска понуда се обидовме да направиме избор од десетина филмови кои веруваме дека ќе  го привлечат вниманието на љубителите на филмот.

dek 1

КРАМПУС

Филмот „ Крампус“ преставува уште еден од многуте божиќни филмови кои во кино салите се пласираат во овој перод од годината.Се работи за црна комедија со елементи на хорор. Режисер на филмот е Мајкл Доерти а главните улоги ги ролкуваат Адам Скот, Тони Колет, Емџеј Ентони,Дејвид Кечер, Алисон Толман, Кончата Фарол и други.

Три дена пред Божиќ, семејството сака заедно да ги прослават празниците. Том и Сара, нивните деца Бет и Макс, сестрата на Сара – Линда, нејзиниот  сопруг Хауард, нивните деца Стиви и Џордан, Хови Џуниор, и новородената нивна ќерка Сара како и тетката на Линда – Дороти, и мајката на Том – Оми. Макс сака да ги  продолжи Божиќните традиции на семејството, но тензиите меѓу различните членови на семејството тоа не го дозволуваат. Макс на крајот го губи трпението кога Стиви и Џордан ќе му го украдат неговото писмо до Дедо Мраз кое сакал да го прочита на глас за време на вечерата.Тој заради ова , вреска, и вели  дека го мрази своето семејство. Том се обидува да го утеши, но Макс го зема писмото го кине  и го фрла на парчиња низ прозорецот. Речиси веднаш откако тоа ќе го направи, одеднаш се појавува снежна бура и целиот град е завеан. Всушност тој и не знае дека го предизвикал гневот на Кампус , демонската сила на старото зло кое ги казнува неверниците во Божиќ.

 dek 2

ЧИ-РАК

Познатиот црнечки режисер Спајк Ли познат и како актер , сценарист, и продуцент ,познат по филмовите „ Малколм Икс“ , „ Внатрешен човек“ , „ 25 час“ и други , деновиве го промовира својот најнов филм „ Чи –Рак“. Сценариото за филмот го напишале Ли и Кевин Вилмот.

Дејствието на филмот се случува во Чикаго и преставува сатира на насилството на бандите распростанети во некои населби на јужниот дел од градот, особено онаа на Енглвуд.Филмот е темелен врз класичната комедија на Аристофан „ Лисистрата“ , класичната грчка комедија со драмски елементи во која жените се воздржуваат од физичка љубов како казна за нивните сопрузи кои војуваат.

Интересно е дека најпрвин раперот Кање Вест требало да ја игра главната улога во овој филм, но се откажал заради паралелните ангажмани кои ги имал на музички план.  Актерската екипа на филмот е во состав: Ник Канон, Весли Снајпс, Џенифер Хадсон, Анџела Басет, Џон Кјузак и Семјуел Л. Џексон.

Во овој филм Ли повторно соработува  со Басет, Џексон, и Снајпс. Тој со нив работел во филмовите:„ Мо подобар  блуз“, „Треска во џунглата“, и „Малком икс“.

Филмот започнал да се снима во мај оваа година а завршило во јули. Во филмот учествуваат и поголем врој на локални актери.

dek 3

ЖИВОТ

Филмот „Живот“ преставува биографска драма во режија на Антон Корбијан .Филмот говори за пријателството помеѓу фотографот Денис Шток и холивудскиот актер Џејмс Дин. Нивните ликови ги толкуваат актерите Роберт Патисон и Ден Де Хан.

Филмот преставува американско, британско, германско, канадско ,австралијанска копродукција

Филмот се снимал од февруари до април 2014 година во Торонто и Лос Анџелес. Ова остварување ја имаше својата премиера на 65-тиот Берлински филмски фестивал.

Приказната на филмот  го следи Денис Шток, кој работел во Магнум Фотос Агенцијата и кој добил задача да ја фотографира холивудската ѕвезда  во подем Џејмс Дин, пред да настапи во филмот„ Источно од рајот“. Меѓу нив се развива големо пријателство за време на ангажманот на Денис. Филмот го следи нивното заедничко патување од Лос Анџелес до Њујорк и Индијана.

Во филмот покрај споменатите актери настапуваат уште и Бен Кингсли, Џоел Едгертон и Алесандра Мастронарди која го игра ликот на големата љубов на Џемс Дин – Ана Марија Пиеранѓели.

 dek 4

ВО СРЦЕТО НА МОРЕТО

Во текот на зимата во 1820 година, во Нова Англија огромниот брод Есекс бил  нападнат од страна на нешто што никој не можел да верува: кит со големина на мамут и со сетило за одмазда.

Во реалниот живот оваа поморска катастрофа ќе го инспирира Херман Мелвил за да го напише „Моби Дик“. Но тој ќе изјави дека само половина од приказната “Во срцето на морето”, ги открива ужасните последици од средбата, бидејќи преживеаните членови на екипажот биле принудени да сторат незамисливи нешта како би преживеале.Пркосејќи им на бурите, гладувањето, паниката и очајот, мажите ги довеле во прашање нивните најдлабоки верувања, од вредноста на своите животи па се до моралот на својот занает. Фимот говори за тоа како  нивниот капетан бара пат на отвореното море а првиот официр  настојува големиот кит да го насочи во срцето на морето.

Режисер на овој филм прполн со возбуда е познатиот режисер Рон Хауард. Во филмот настапуваат : Кристија Хемсфорт, Том Холанд, Бен Вишов, Килиан Марфи, Шарлота Рили, Брендон Глисон, Френк Дилејн, Пол Андерсон ,Жорди Мола и други.

dek 5

ИЗУМИРАЊЕ

Своите ѕвездени мигови актеро Брус Вилис ги имаше во серијалот „Умри машки“ но и во неколку филмови кои останаа забележани како се : „ Шесто сетило“, „ Петиот елемент“ , „ Армагедон“ и други , но сите тие тој ги реализира кон крајот на 20 тиот век . Во новиот милениум тој нема некоја посериозно остварување. Настапува во филмови кои брзо се забораваат . Дали ќе биде така и со неговиот најнов филм „ Изумирање“ останува да видиме.

Филмот преставува трилер кој како режисер го потпишува Стивен Милер. Во главните улоги покрај Брус Вилис настапуваат уште и Ѓина Карано, Келан Лунц,Џошуа Микел,Зумер Алтик и други.

Некогашниот припадник на ЦИА го киднапира група на терористи: Кога неговиот син ќе дознае дека не постои план за негово спасување, тој самиот започнува сопствена акција за спасување на својот татко…

dek 6

ПОТРЕС НА МОЗОКОТ

„Потрес на мозокот“ е  американскиот биографски филм и медицинска драма со Вил Смит во главната улога кој го толкува ликот на докторот  Бенет Омалу, форензички патолог кој се борел против напорите на Националната фудбалска лига да се потисне неговото истражување околу оштетување на мозокот кај професионалните фудбалери. Филмот е режиран и напишан од Петер Ландесман. Во филмот исто така настапуваат и Алек Болдвин, Гугу Мбата-Суровини и Алберт Брукс.

По неколкуте промашувања кои ги имаше во последните неколку години ,се чини дека оваа улога за актерот Вил Смит ќе биде голема шанса да се врати на старите позиции. Дали ќе ја искористи останува да видиме наскоро по премиерата на филмот која е закажана за 25 декември.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 128
Share
Previous Post

Подгответе го вашиот автомобил за зимата – список на работи кои треба да ги проверете/променете

Next Post

КУД Дримкол од Вевчани вечерва во МНТ „Едно видување, еден век“

Next Post

КУД Дримкол од Вевчани вечерва во МНТ „Едно видување, еден век“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 128

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk