Веруваме дека голем дел од вас веќе ги знаете овие едноставни работи, па сметаме дека е убаво да се потсетиме на нив, но и да ги запознаеме оние кои не се толку упатени во автомобилизмот, а ги користат автомобилите секојдневно..
Веќе знаеме дека со пристигнувањето на зимата нашите возачки способности се поставуваат на испит, период во кој треба да возиме со особено зголемена претпазливост и со намалена брзина, но исто така важно е и да знаеме дека и нашиот автомобил се соочува со неповолни временски услови.
Поточно дефектите кај автомобилите се јавуваат повеќе во зима одколку во останатите годишни периоди, но постојат неколку едноставни работи кои можеме да ги провериме и со тоа да го намалиме процентот на евентуален дефект, но и да си го олесниме нашето возење при овие неповолни услови.
Па знаејќи го овој факт, ние составивме краток список на работи кои можеме да ги направиме и провериме..
Акумулаторот може да се испразни во било кое годишно време, но вистински негов убиец е студеното и влажно време. Но со векот на акумулаторот се поврзани и многу други работи, како неговата старост, но и начинот на кој го чуваме. Односно доколку нашиот акумулатор е постар од 5 години и доколку на ладно време покажува знаци на откажување тогаш е време да го замениме со нов или да го однесеме и професионално да го наполнат.
Но некогаш се случува и акумулаторот да не е постар од 5 години, а сепак да ни прави пролеми, но тоа најчесто се случува кај оние автомобили кои не се возат секојдневно. За овие акумулатори Ви предложуваме во периодот кога не ги возите автомобилите да го откачите акумулаторот, а пожелно е да се стави и на некое потопло место.
– Антифриз
Самото име на оваа течност ја асоцира својата улога, односно ова е течност која спречува да замрзне водата во моторот. Проверката за оваа течност е многу едноставна и брза, но многу важна, а за неа ви е потребен специјален тестер за антифриз кој ги имаат сите авто сервиси, но можете и вие да си купите и сами да проверувате.
Зимата нормално е прилично влажна со чести врнежи од снег, па самото тоа кажува дека бришачите за прозори ги користиме повеќе од останатиот период. Па за така често користење на бришачите потребно и е да имаме чисти стакла, а тоа најдобро го добиваме со помош на средствата за чистење. Но на ниски темпреатури кои се чести во овој период, шансата за замрзнување на оваа течност е доста голема, па затоа ви предлагаме да ја заменете оваа течност со друга која издржува и ниски температури или да доставите доколку веќе предходно сте ставиле.
Како и останатите, така и оваа работа е лесна и едноставна. Во овој период од годината деновите се пократки и порано се стемнува, а со самото тоа се зголемува потребата од функционални светла.
Поприлична едноставна е проверката на светлата, а исто така и промената на ламбичките доколку некоја од нив е расипана, а секогаш со себе носете и резервен пар. На денови на големи снежни покривки препорачуваме пред да тргнете да возите да го исчистите снегот пред светлата, со што би имале подобро осветлен пат, но и полесно ќе бидете забележани од останатите учесници во сообраќајот.
Од сите останите работи кои досега ги напоменавме, гумите се најбитниот елемент на кој треба да запазите, бидејќи тие се единствениот контакт со подлогата, која во овој период од годината е поприлично лизгава. По сите правила и прописи е дозволено да возите и со летни пневматици доколку ја задржуваат дозволената пропишана длабочина на шарите, но доколку го користите вашиот автомобил често или секојдневно тогаш би ви препорачале да си купите нови зимски гуми.
Зимските певматици се малку поскапи од летните, особено доколку ги купувате во овој период од годината, но тие ви овозможуваат подобар и побезбеден контакт со подлогата, не укрутуваат на ладни и ниски температури и спречуваат до појава на аквапланинг – момент кога возилото со својата тежина неможе да ја истисне водата на патот под гумите со што подлогата предизвикува лизгање на автомобилот.
Извор:rpm.mk










