• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во јануари ( 2)

јануари 16, 2016
in Филмољубие

За секого по нешто 

 

Еве го и второто парче од приказот на филмовите кои љубителите на филмот ќе имаат можност да ги видат на големите екрани ширум светот во месец јануари кога на репертоарот ќе се најдат филмови од такаречи сите филмски жанрови односно филмови за сечиј вкус.

 1 film

1.ПЕРФЕКТЕН ДЕН

Филмот „ Перфектен ден “ е од шпанска продукција во режија на Фернандо Леон Де Араноа. Се работи за драма во која настапуваат Бенисио Дел Торо, Тим Робинс, Олга Кириленко, Елдер Решидовиќ, Сержи Лопез, Ненад Вукелиќ, Иван Бркиќ, Горан Гргиќ, Мате Гулин и други.

Приказната на филмот говори за група на хуманитарни работници кои се обидуваат да тргнат еден човечки труп од еден бунар кој се наоѓа во зоната на вооружениот судир. Трупот е фрлен во бунарот за да ја загади водата и да се прекине снабдувањето на локалното население со вода. Меѓутоа, околностите наскоро оваа едноставна задача ја претвораат во невозможна мисија.Работниците поминуваат низ воен пејзаж каде нема правила и каде се чуствуваат како глувци во некој лавиринт, од кој можеби нема излез.Војна во војна , во која единствен непријател би можело да биде неразумноста.Кризата која се обидуваат да ја решат е хуманитарна , но тие се само луѓе.Хумор, драма, нежност,рутина, опасност, надеж…Сето тоа се вклопува во совршениот ден.

2 film

ИЗЛОЖЕН

Познатиот актер Киану Ривс, кон крајот на изминатиот и почетокот на овој век беше еден од најпопуларните актери. Се паметат неговите улоги во филмовите „ Мојот приватен Ајдахо“;„Дракула“;„ Брзина“;Адвокатот на ѓаволот“;триологијата „ „Матрикс“;Малечкиот Буда“ и многу други. Но ,во последните неколку години неговата популарност не е на нивото од споменатиот период иако Киану Ривз и понатака снима нови филмови и е мошне ангажиран. Така во оваа 2016 година тој има дури шест проекти кои треба да излезат пред судот на гледачите. Еден од нив е драмата  „Изложен “ на режисерот Делан Дејл во кој натапуваат уште и Ана де Армс,Кристофер Мек Доналдс, Лаура Гомез, Деми Хок, Исмаел Круз Кордова и други.

Главната хероина во филмот откако ќе посведочи за чудо, на оваа млада дама со латино потекло ќе започнат да и се случуваат чудни работи. Во исто време полицаецот кој е задолжен за неа е во потрага по вистината за смртта за неговиот партнер.

4 film

КУНГ ФУ ПАНДА 3

Најмладите љубители на филмот но и оние повозрасните кои уживаат во анимираните филмови сигурно ќе се израдуваат на третото продолжение на компјутерски анимираниот филм „ Кунг Фу Панда“ кој својата премиера во кино салите ширум светот треба да ја доживее кон крајот на овој месец, поточно на 29 јануари.

Да се потсетиме, првиот филм „ Кунг Фу Панда“ беше реализиран во 2008 година а по големиот успех што го постигна кај гледачите во 2011 година беше снимено и продолжение. По пет години фановите на пандата По повторно ќе уживаат во новите авантури на овој филмски јунак.

Продолжувајќи ги своите легендарни авантури,неодоливата и помалку несмасна панда По ќе се соочи со две големи опасности.Кунг фу мајсторот По најпосле ќе го пронајде својот изгубен татко со кој ќе оди на едно забавно патување.Тоа ќе ги одведе во едно тајно село кое преставува малечок рај и дом во кој се сместени бројни урнебесно смешни панди, подеднакво немирни и несмасни како и пандата По. Но среќата и веселбата ќе им ја помати Каи, страшен злосторник кој има за цел да ги победи сите кунгфу мајстори во Кина.Откако ќе  дознае за овој пеколен план,По мора да го напрви невозможното- од смешните и несмасни панди да направи вистински борци кои ќе можат да се спротистават на злосторникот Каи кој им се заканува со истребување.Режисери на филмот се Алесандро Каролини и Џенифер Јух а гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат познатите актери :Џек Блек, Анџелина Џоли, Дастин Хофман, Џеки Чен, Сет Роген , Луси Лиу, Кејт Хадсон и други.

5 film

НАЈДОБРИТЕ ЧАСОВИ

Филмот „ Најдобрите часови“ преставува драма во режија на Крег Гилеспи за кој сценариото го напишале Скот Силвер, Ерик Џонсон и Пол Томази.Сценариото е напишано врз основа на книгата на Кејси Шерман и Мајкл Тугиас објавена во 2009 година. Дејствието во филмот е базирано врз вистинската приказна за обидот на крајбрежната стража  со спасувачка мисија во 1952 година да ја спаси посадата на два нафтени танкери кои ги преполовила  силната бура .

Мисија за спасување се случила  во 1952 година во близина на брегот на Кејп Код откако  два танкери со нафта СС Форт Мерсер и СС Пенделтон, биле  уништени од енормно силните зимски ветрови и бранови. Екипажот на спсувачките екипи херојски ги спасиле  речиси сите членови  на екипажот на танкерите.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Крис Пејн, Греам Мек Тавиш, Холидеј Гренџер, Кејси Афлек, Бен Фостер, Ерик Бана, Џон Магаро и други.

Филмот имал буџет од 80 милиони долари ие во продукција на компаниите Волт Дизни и Витакер Ентертејмент.

6 film copy

ЏЕЈН ИМА ПИШТОЛ

Вестернот како филмски жанр своите ѕвездени мигови ги имаше во пеесетите и шеесетите години од изминатиот век. По појавата на шпагети вестерните кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите ,вестернот како жанр такаречи исчезна од големото платно појавувајќи се инцидентно по некој филм колку да не се заборави на него. Но, во последните неколку години вестернот повторно стана интересен за филмаџиите и тоа не само во неговата татковина Америка туку и во други земји во светот. Кон крајот на овој месец пред гледачите ќе излезе вестернот „ Џејн има пиштол“ во режија на Гавин О’Конор во кој главните улоги ги толкуваат:Натали Портман,Џоел Едгертон,Ноа Емерихи  и Јуан Мекгрегор.

Џејн Хамонд, започнува нов живот со својот сопруг Бил „ Хем “ Хамонд откако тој ќе биде измачуван од момците на бандата Бишоп.Та повторно ќе има блиска средба со нив откако на прагот на нејзинот дом ќе падне нејзиниот сопруг кој е изрешетан од куршумите на бандата чиј водач е немилосрдниот Колин.

Осамена Џејн тргнува во одмазда со нејзиниот поранешен свршеник Дан Форест со кого ќе се обиде да го одбрани своето семејство од сигурна смрт. Прогонувана од старите спомени и минатото, таа ќе се обиде да се освети за нанесената болка и изгубениот дом.

Филмот е во продукција на компанијата Вајнштајн и имал буџет од 25 милиони долари. Филмот бил реализиран на локации во Санта Фе, Ново Мексико.

7 film

ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ НА ЦРНО

По големиот финансиски успех кој го доживеа изминатата година филмот„ 50 нијанси сиво“ во оваа година добива пародија именувана како „ Педесет нијанси црно“.

Режисер на филмот е Мајкл Тид а главните улоги ги толкуваат Марлон Вајанс, познат по улогите во многу пародии на познати и успешни комедии и хорор филмови, Џејн Сејмур, Фред Вилард, Мајкл Епс, Ендрју Бачелор , Кејт Минер и други.

Еден неискусен студент среќава богат бизнисмен чии сексуални практики ќе  извршат притисок на нивната врска.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 133
Share
Previous Post

DW: Четири сценарија за излез од ќорсокакот

Next Post

ЧИЧАКОВСКИ: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ДО 24 АПРИЛ НЕ МОЖЕ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ПРЕЧИСТИ

Next Post

ЧИЧАКОВСКИ: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ДО 24 АПРИЛ НЕ МОЖЕ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ПРЕЧИСТИ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 133

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk