Почетокот на Новата 2018 година ќе го одбележат дваесетина нови филмови кои пред судот на публиката ,како што веќе е вообичаено ,доаѓаат секој петок.
Како и секогаш досега филмските компании се погрижиле да ги задоволат вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Па така, во богатата понуда има филмовои од сите филмски жанрови. Ние направивме избор од десетина наслови кои Ви ги презентираме:
ПАДИНГТОН 2
Во 2014 година режисерот Пол Кинг го направи играно анимираниот авантуристички филм со елементи на комедија„ Падингтон“ кој заработи во светски рамки 260 милиони долари.Ако се има во предвид дека филмот беше направен со буџет од 55 милиони долари, тогаш одлуката да се сними негово продолжение е сосема оправдана.И еве ,четири години подоцна пред гледачите доаѓа повторно мечето Падингтон со нови авантури во продолжението именувано едноставно како „ Падингтон 2“кое повторно како режисер го потпишува Пол Кинг.
Овојпат,мечето Падингтон е среќно сместено со семејството Браун во Виндзор Гарденс каде што станува популарен член на заедницата ширејќи радост насекаде каде што оди. Тој трага по идеалниот роденденски подарок за 100-от роденден на тетка Луси, ја здогледува единствената книга во антикварницата на г-ѓа Грубер и почнува низа чудни работи за да собере пари и да го купи подарокот. Но, кога книгата е украдена, тогаш Падингтон и семејството Браун тргнуваат да го отркијат крадецот.
Гласот на мечето и во овој филм му го позајмува Бен Вишоу а главните улоги во филмот ги толкуваат Хју Грант, Сали Хокинс, Хју Боновил, Џули Вотерс и други.
ПАТНИКОТ
Во последните неколку години еден од најангажираните актери секако е Лијам Нисон кој секоја година настапува во по неколку филмови кои постигнуваат мошне добар успех кај публиката. Претежно се работи за трилери кои во последно време станаа негов бренд. Ова особено дојде до израз по филмот „Грабнатата “ кој доживеа две продолженија.
Нисон оваа 2018 година ја отвора со трилерот „ Патникот“ на шпанскиот режисер Жауме Колет-Сера со кого тој веќе соработуваше во филмовите „ Нон-стоп“ и „ Трчај цела ноќ“.
Во филмот ,Нисон го портретира бизнисменот Мајкл кој враќајќи се дома со воз од на работа ќе биде вплеткан во една криминална завера по разговорот со една непозната жена која му нуди 75000 долари доколку до последната станица од патувањето пронајде еден патник во возот.
Во овој акционен трилер покрај Нисон настапуваат уште и Вера Фармига ,Патрик Вилсон, Сем Нил, Џонатан Бенкси Елизабет Мек Говерн.
До крајот на оваа година Нисон пред публиката ќе се престави уште со два филма кои во моментов се во постпродукција.
ГОРДАТА МАРИЈА
Филмот „ Гордата Марија“ преставува акционен трилер во режија на Бабак Наџафи. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Таражи П. Хенсон, Били Браун, Дени Гловер, Ник Мекдонау, Ксандер Беркли и Маргарет Ејвори.
Марија е успешна деловна жена која работи за семејство на организиран криминал во Бостон. Сепак, нејзиниот живот целосно ќе се смени кога ќе се сретне со едно младо момче чиј пат се вкрстува со нејзиниот што ќе биде причина се’ да тргне наопаку.
12 СИЛНИ
Филмовите со воен жанр одсекогаш имале верна публика . Ако порано „главна тема“на овие филмови беа првата и втората светска војна , по нивното завршување, за жал се случија уште многу локални војни кои станаа неисцрпен рудник за нови и нови воени приказни кои во себе содржат вистински или измислени настани сврзани со некоја од тие војни.
Еден од нив е и филмот „12 Силни“кој ја раскажува приказната за паравоените офицери на ЦИА и специјалните сили на САД испратени во Авганистан веднаш по нападите на 11 септември. Филмот е темелен врз книгата на Даг Стентон „ Коњи војници“.Главните улоги во филмот ги толкуваат: Крис Хемсворт, Мајкл Шенон, Мајкл Пења, Навид Негабан, Треванте Родос, Џеф Столц, Тад Лукинбил, Вилијам Фихтнер и Роб Риггл.
По нападите на 11-ти септември, во Авганистан се испраќаат специјална единица, вклучувајќи ги и парамилитарните офицери на ЦИА и оперативниот одред на оперативниот одред на Алфа 595 од 12-те членови на тимот. Тие ги здружуваат силите со генерал Абдул Рашид Достум од Северната алијанса за да помогнат во спроведувањето на неконвенционална војна против талибанските сили.
Режисер на филмот е Николај Фуглиг ,режисер и фоторепортер. Тој дипломирал на Данската школа за новинарство. Во 1999 година, неговата книга за нераскажаната нуклеарна катастрофа ја освои наградата ICP Infinity во Њујорк и првата награда за светска фотографија за фотографии, како и наградата Кодак за најдобар фотограф под 30 години.
Додека бил назначен како фотограф во косовската војна, Фуглиг научил да режира додека снимал материјали кои на крајот станале дел од документарен филм од 15 минути, “Враќање на прогонетите”. Филмот беше прикажан на данската национална телевизија а беше прикажан и во данските кина. Филмот „12 Силни“ е негов дебитантски игран филм.
ДЕН НА КРАДЦИТЕ
Навистина е огромен бројот на филмски остварувања во кои ограбувачите на банките се главни личности во приказната.Во многу од нив може да се открие иновативноста и досетливоста на крадците во правењето планови и остварувањето на целта. Многумина велат дека банките и крадците се во постојана трка околу тоа кој кого ќе надмудри. Дали банките во создавањето на се’ помодифицирана заштитна опрема или крадците во разбивањето на нивната заштита.Токму на оваа тема досега се направени навистина голем број на прекрасни возбудливи филмови кои се направени според вистински грабежи или фиктивни приказни.
Филмот „Ден на крадците“е еден од нив.Се работи за филм кој говори за елитната единица на полицајци од Лос Анџелес кои се борат против крадците и најуспешната екипа на крадци во државата кои го планираат навидум невозможниот грабеж на Федералната банка за резерви во центарот на Лос Анџелес.
Режисер на филмот е Кристијан Гудегаст а актерската екипа ја сочинуваат: Џерард Батлер, Кертис “50 Cent” Џексон, Пабло Шрајбер, О’Шеа Џексон, Еван Џонс, Даун Оливиери, Мо Мекреј и Макс Холовеј.
ЛЕИСУР СЕКЕР
На минатогодишнит Венецијански филмски фестивал во званичната конкуренција беше прикажан и филмот „ Леисур секер“ на италјанскиот режисер Паоло Вирзи.Се работи за првиот филм на овој познат италијански режисер во кој во целост се говори на англиски јазик.Во филмот настапуваат Доналд Сатерленд и Хелен Мирен , актерски ветерани кои во филмот остварија прекрасни улоги.Сега филмот влегува во редовна кино дистрибуција пред судот на гледачите.
Вирзи и во овој филм ја продолжува својата опсесија со патиштата, мотив кој го одбележа и неговиот предходен филм „ Луди од среќа“.Сега тоа се патиштата во Америка , од Масачусетс до Флорида, по кои во своето комфорно комбе викано Леисур Секер, на патување тргнува остарената брачна двојка (Мирен –Сатерленд), како вистински бегалци од тешките семејни пранги.Но,и од животот кој нејзе и донел рак, а нему деменција, после толку години њубов, меѓусебно почитување и разбирање. Трогателен филм во кој Вирзи сочуствително го отвора прашањето на правото за достоинствена смрт.
ЛАВИРИНТ:ЛЕК ЗА СМРТТА
По успешните две продолженија од триологијата „ Лавиринт“, првото реализирано во 2014 година и второто со поднаслов„Бегство низ огнот“ од 2015 година, еве на ред доаѓа и третиот филм од овој серијал (триологија) именуван како „ Лавиринт:Лек за смртта“. Филмот требало во кино салите да се најде уште на почетокот од изминатата година но заради повредите здобиени во текот на снимањето на главниот актер Дилан О’ Браен премиерата била одложена за 26 јануари оваа година.
Филмот преставува научно-фантастичен акционен трилер филм во режија на Вес Бол, кој како и останатите два филма е реализиран врз основа на книгата „Лек за смртта“ инаку, последната книга од трилогијата на “Лавиринт”, напишана од Џејмс Дашнер . Филмот всушност преставува продолжение на предходниот филм„ Лавиринт:Бегство низ огнот“ од 2015 година.
Во последниот филм од оваа триологија,главниот јунак во филмот, Томас ја води својата група избегани Гладерси на нивната последна и најопасна мисија. За да ги спасат своите пријатели, тие мора да влезат во легендарниот последен град, и лавиринт контролиран од WCKD, кој може да се претвори во најсмртоносниот лавиринт за сите. Секој кој ќе влезе во него ќе добие одговори на прашањата што ги поставиле Гладерси откако тие за првпат стигнале во лавиринтот.
Во филмот покрај Дилан О’ Браен настапуваат уште и Каја Сиоделарио, Натали Емануел, Џанкарло Еспозито, Аиден Гален, Бери Пајпер и други.
АИАРИ
Една од најпродуктивните кинематографии во светот е индиската. Според некои податоци во Индија во текот на една година се реализираат над 800 играни филмови. Нивната популарност во светот особено се зголемува на почетокот на новиот милениум заради се’ поголемиот број на индиски државјани кои се раселија низ целиот свет.Најпопуларни филмови се секако музичките кои со своите песни и карактеристични танци ги освоија гледачите ширум светот. Најголемиот производител на филмови во Индија е Боливуд кој е еден од најголемите филмски центри во светски рамки. Формално, под Боливуд се мисли на Хинди кинематографијата.
Обично кога ќе се спомене индискиот филм веднаш се помислува на музичка мелодрама. Но, мора да се каже дека во оваа земја се прават и филмови од други жанрови кои со својот квалитет воопшто не заостануваат од останатите кинематографии.
Еден од најновите филмови кои доаѓаат од оваа далечна земја е филмот:„Аиари“
трилер во режија на Нерај Панди. Во главните улоги настапуваат Сидарт Малхотра, Маној Бајпаје, Ракул Преет Синг, Појоја Чопра, Адил Хусеин, Кумуд Мишра, Насеруддин Шах и Анупам Кер.
Филмот ја раскажува приказната за двајца офицери на индиската армија, ментор и неговиот штитеник на Денот на Републиката.
ЗАСЕКОГАШ МОЈАТА ДЕВОЈКА
Романтичните љубовни приказни одсекогаш имале своја верна публика. Таа сигурно ќе му даде подршка и на најновиот филм од овој жанр. Се работи за филмот „Засекогаш мојата девојка“ на режисерот Витани Ештон Волф, во кој главните улоги ги толкуваат:Алекс Роу, Џесика Роте и Џон Бенџамин Хики.
Кога кантри музичката ѕвезда Лиам Пејџ се враќа во неговиот роден град, тој се среќава во Џози, невестата што ја оставил на олтарот, избирајќи слава и среќа. Нивниот однос останал нерешен бидејќи никогаш не ги совладал или заборавил своите јужни корени во малата заедница каде што бил роден и израснат. Додека е таму за погребот на својот пријател средношколец, тој се соочува со последиците од сето она што го оставил зад себе пред да стане славен.
ЗАВРШНАТА ГОДИНА
Актуелниот председател на САД, Доналд Трамп веќе ја обработува втората година од својот председателски мандат а многумина американци сеуште не можат да го заборават неговиот предходник ,Барак Обама. Нема ден а да не се објави некој нова вест сврзана за новиот Председател на САД.Најновата е сврзани околу објавувањето на книгата„ Оган и бес“ на авторот Мајкл Булф ,која буквално ја запали Белата куќа.
А на 12 јануари во кино салите ширум Америка и светот ќе започне да се прикажува документарниот филм „ Завршната година“ на режисерот Грег Баркер кој говори за претседателот Барак Обама и неговиот тим за време на нивната последна година од мандатот. Одликувајќи се со невиден пристап до Белата куќа и Стејт департментот, „Завршната година“ нуди бескомпромисен поглед на внатрешната работа на администрацијата на Обама, додека тие се подготвуваат да ја напуштат власта по осум години.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк