На прагот од Новата филмска 2021 година , вообичаено, ве запознаваме со филмската понуда во првиот месец од годината. Но ,за разлика од порано ,понудата е сосема скромна , барем според првите најави на филмските компании. Причините за ваквиот скромен почеток се одамна познати . Како што веќе ве информиравме, најголемите филмски блокбастери своите нови премиерни термини ги имаат за втората половина од оваа 2021 година со надеж дека кино салите дотогаш ширум ќе ги отворат вратите и дека работите ќе се нормализираат.Но, сето тоа сеуште се само убави желби кои би требало да се остварат. А дотогаш…останува надежта дека сето ова што ни се случи и сеуште се случува беше и е еден лош сон.
Најавената филмска понуда за првиот месец од оваа година, барем во овој момент, навистина е сосема скромна .Еве ги понудените наслови:
ЃАВОЛОВАТА СВЕТЛИНА
Првиот најавен филм со кој започнува годинешната понуда е хоророт „Ѓаволовата ссветлина“ на режисерот Даниел Стам. Филмот во кино салите(оние кои се отворени) би требало да започне со прикажување од следниот петок(8.јануари).
Филмот ја раскажува приказната за сестрата Ен, немирна 25-годишна девојка, која побожно верува дека извршувањето егзорцизам е нејзиниот повик. Но, тоа е во спротивност со традициите на институцијата: сестрите не смеат да вршат егзорцизам, туку само свештеници. Со поддршка на ментор, професор кој го чувствува својот посебен подарок, и’ е дозволено да набљудува вистински тренинзи. Нејзината желба да се докаже има личен пресврт кога ќе се сретне со еден од највознемирените пациенти во училиштето. За време на нивните вознемирувачки средби, сестрата Ен доаѓа лице в лице со демонска сила што го напаѓа училиштето и има мистериозни врски со сопственото минато. Тогаш, моќта на злото и нејзините сопствени зачудувачки способности се целосно реализирани.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Вирџинија Медсен,Николас Ралф, Бен Крос, Жаклин Бајерс, Кристијан Наваро и други.
НЕКАКОВ ВИД НА РАЈОТ
Се работи за документарен филм во режија на Ланс Опенјахајм. Филмот говори за луѓето од третата доба поточно за , како што вели и насловот на филмот –некаков вид на рај на земјата ,пред да се оди во вистинскиот рај(доколку постои).
Овој документарен филм се одвива во „Селата“, огромна пензионерска заедница во централна Флорида кој има репутација како геријатриски „центар за забава “. Билбордите ги рекламираат убавите времиња и добриот живот што треба да се помине таму.
Во Селата постојат десетици терени за голф, базени, прекрасни мали домови на добро одржувани улици, трговски центри, банки – тоа е заедница која никогаш не мора да ја напуштите ако не сакате. Секој ден претставува можност да се вклучите во социјална активност, да преземете ново хоби или едноставно да се прошетате во корисничка количка за голф.
Филмот следи неколку жители на овој рај за старите лица и нивните животни приказни но и нивните секојдневни активности.Филмот е преполн со хумор но и тага , со живот но и осаменост која ја има дури и во овој земски рај.
МАРКМЕН
Еден од најпродуктивните актери во последните десетина години ,секако е е Лиам Нисон кој во текот на една година знае да настапи во три четири филма.Тој тренд по се изгледа ќе го задржи и во оваа година . Премиерата на неговиот најнов филм, акциониот трилер „Маркмен“ е закажана за 15. јануари.
Покрај него во филмот настапуваат уште и Кетрин Виник, Тереза Руиз, Хуан Пабло Раба, Лилиен Кенин …Режисер на филмот е Роберт Лоренц.
Еден сточар на границата со Аризона станува неверојатен бранител на едно младо мексиканско момче кое очајно бега од атентаторите на картелот кои го гонеле во САД.
ЧОВЕЧКИ ГНЕВ
Уште еден акционен трилер своето премиерно прикажување во кино салите го има закажано за 15. јануари. Се работи за американско англискиот филм „Човечки гнев“ на познатиот англиски режисер Гај Ричи.
Во филмот главната улога ја толкува познатото „Гневно момче“ Џејсон Статам а тука се уште и Нијам Алгар, Џош Хартнет, Џефри Донован, Скот Иствуд( синот на Клинт Иствуд), Холт Холт Меланки, Лаз Алонсо и други.
Заплетот го следи човекот Х, студен и мистериозен лик кој работи во компанија за камиони за превоз на готовина, компанија која е одговорна за движење стотици милиони долари низ Лос Анџелес секоја недела.
НИЧИЈА ЗЕМЈА
Филмот преставува модерн вестерн кој е инспириран од од реалните живопински области на „ничија земја“ долж границата Тексас-Мексико. Додека бил на гранична патрола синот, Џексон, случајно убива момче имигрант од Мексико. Кога таткото на Џексон ќе се обиде да ја превземе вината, синот бега на југ на коњ, станувајќи „нелегален странец“Гринго во Мексико. Гонет од Тексас Ренџерите и мексиканските федералци, синот на Џексон патува низ Мексико за да побара прошка од таткото на мртвото момче само за да се заљуби во земјата што го научиле да ја мрази.
Режисер на филмот е Конор Алин а главните улоги ги толкуваат:Френк Грило, Енди Мек Дауел, Џорџ Лопез, Есмералда Пиментал, Офелија Медина, Хорхе Хименез, Алекс Мек Никол и други.
Интересно е да се напомене дека под овој наслов се снимени неколку филмови и една изреалска ТВ серија.Најпознат секако е оскаровскиот „Ничија земја“ на режисерот Данис Тановиќ од 2001 година.
НАШИОТ ПРИЈАТЕЛ
Филмот преставува драма која говори за една двојка која откако ќе добијат вести кои ќе им го сменат животот, добиваат неочекувана подршка од нивниот најдобар пријател, кој го става сопствениот живот во мирување и се преселува во нивниот семеен дом, носејќи им влијание многу поголемо и подлабоко отколку што некој можел да замисли.
Филмот како режисер го потпишува Габриел Копертвајт а главните улоги ги толкуваат:Дакота Фенинг, Кејси Афлек, Џејсон Сегел, Грендолин Кристи и Мариела Скот.
СУПЕРНОВА
Во последниот викенд од јануари, потоно на 29. Јануари во кино салите премиерно ќе бидат прикажани четири филма. Едниот од нив е насловен како „ Супернова“ . Се работи за романтична драма во режија на Хари Меквин во кој главните улоги ги толкуваат:Оскаровецот Колин Фирт, Стенли Тучи, Пипа Хејвуд, Петер Меквин, Нина Марлин, Сара Вудворд, Џејмс Дрејфус и други.
Сем и Тускер патуваат низ Англија во нивниот стар Ровер за да ги посетат пријателите, семејството и местата од нивното минато. Бидејќи на Тукер пред две години му е дијагностицирана деменција, нивното заедничко време е најважното нешто што го имаат.
ТЕ НАЈДОВ
И овој филм преставува романтична драма кој говори за Финли, талентирана амбициозна виолинистка, која се среќава со Бекет, позната млада филмска ѕвезда, на патот кон остварување на нејзината програма за семестар во странство во едно мало крајбрежно село во Ирска. Се појавува неочекувана романса кога срцекршачот Бекет ја води вознемирената Финли во авантуристичко будење а таа го охрабрува да ја преземе одговорноста за неговата иднина, сè додека не се попречат притисоците на неговата слава како ѕвезда.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Кетрин Мекнамара, ветеранката Ванеса Редгрејв, Соирс – Моника Џексон и Том Еверет Скот. Режијата ја потпишува Брајан Баг.
МАЛИТЕ НЕШТА
Во оваа криминална драма со трилер елементи настапуваат дури тројца оскаровци:Дензел Вашингтон, Џаред Лето и Рами Малек. Покрај нив настапуваат уште и Софија Василева, Натали Моралес, Том Хјуз, Крис Бауер и Тери Кини.
Во центарот на приказната на филмот е Деке заменик шериф во округот Керн, Калифорнија, кој се здружува со Бакстер, детектив на ЛАСД, за да го уништи серискиот убиец. Чуството на Деке за „ситниците“ се покажува мошне точно, но неговата подготвеност да ги заобиколи правилата го вплеткува Бакстер во дилема што ја разбива довербата. Во меѓувреме, Деке мора да се бори со мрачната тајна од своето минато.
НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОКРУГОТ ЈУБА
Откако нејзиниот сопруг ќе исчезне, Сју Батонс ,недоволно ценета сопруга од приградска населба, се стекнува со статус на локална славна личност додека започнува потрага низ целиот град во округот Јуба за да го пронајде својот исчезнат сопруг. Во обид да ја продолжи својата новооткриена слава, таа станува смешна жена, додека нејзиниот свет се превртува, избегнувајќи една мафијашка ,немилосрдна локална полицајка, нејзината полусестра и локалниот репортер за вести кој е очаен за една приказна и смртно претепаниот брат на нејзиниот сопруг . Сите тие се обидуваат да ја откријат вистината за исчезнувањето на сопругот на Сју Батонс.
Режисер на оваа комедија со драмски и трилер елементи е Тејт Тејлор а главните улоги ги толкуваат: Џулиет Луис, мила Кунис, Аквафина, Алисон Џени, Елен Баркин, Метју Модин, Џими Смит и Реџина Хол.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк