• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во јануари

јануари 9, 2016
in Филмољубие

 

И во оваа 2016 година љубителите на филмот ќе имаат можност да уживаат  во филмови од сите жанрови.

 

Ако се погледне годинешната понуда , веднаш паѓа во очи дека оваа година се очекува премиера на неколку филмски блокбастери од кои се очекува да предизвикаат голем интерес кај публикката . Во јануари во кино салите ширум светот ќе бидат прикажани неколку интересни филмови од кои направивме избор на десетина наслови со кои ќе ве запознаеме во две продолженија.

ШУМАТА НА УЖАСОТ

jan 1

Филмот преставува застрашувачки натприроден хорор трилер кој е инспириран со вистински настани. Главната улога во филмот ја толкува актерката Натали Дормер( на пошироката публика позната по улогата во суперпопуларната тв серија „ Игри на престолот“).Таа во филмот го игра ликот на младата американка Сара која тргнува во потрага по својата сестра близначка која мистериозно исчезнала . Таа наскоро ќе открие дека нејзината сестра отишла во легендарната шума Аокигахара. И покрај предупредувањата да не оди таму, таа влегува во шумата одлучна да ја открие вистината за судбината на својата сестра близначка при што ќе се соочи со срдити и изнемоштени души на мртви луѓе кои ги демнат сите оние кои лутаат низ шумата…

Шумата  Аокигахара не е измислино место каде што се случува дејствието на филмот.Имено, тоа е вистинско место кое се наоѓа во северозападното подрачје на планината Фуџи во Јапонија,а се протега на површина од 35 квадратни километри.Заради својата густина во текот на престојот во шумата можно е да се слушнат чудни звуци кои ги произведува самата природа,но од таа причина може лесно да се изгуби доколку се излезе од означената патека. Заради тоа , во последно време разни авантуристи, туристи и планинари со себе секогаш носат пластичен конец за да го означат патот по кој се движат и на тој начин да си го олеснат враќањето назад.

Аокигохара истотака е позната и по името –„Шума на самоубиства“заради големиот број на самоубиства кои се случуваат таму секоја година. Според некои податоци од 1988 година таму просечно се случувале и по 30 самоубиства. Во 2003 година таму биле пронајдени дури 105 мртви тела, а во 2010 од преку 200 обиди биле забележани дури 57 самоубиства.Локалните власти од тогаш ја кријат вистинската бројка  во обид да ја намалат „ атрактивноста“ на шумата за вакви намери.

Филмот бил реализиран на локации во Токио. Режисер на филмот е Џејсон Зада а главните улоги покрај веќе споменатата Натали Дормер, која ги игра близначките, настапуваат уште и Еион Мекин, Стефани Вогт, Осаму Танпопо, Ибику Канеда и други.

МЕЧОКОТ ОД СЕВЕР

jan 2

За најмладата филмска публика на почетокот од оваа година компанијата „Сплеш ентертејмент“ го поготви компјутерски анимираниот филм во 3Д техника „Мечокот од север“ кого како режисер го потпишува дебитантот Тревор Вол.

За главниот јунак во филмот зборлестиот мечок Норм една работа е јасна : на Арктикот нема места за туристи.Но, кога еден луд градител ќе одлучи да изгради луксузни станови такаречи во неговиот сопствен двор, Норм ќе го направи она што секој нормален поларен мечок би го направил…Тој оди во Њујорк за да го сопре градителот во неговата намера.Со помош на своите пријатели лудите леминзи , Норм ќе се вдоми во срцето на Големото Јаболко и ќе се обиде да го спаси Арктикот од инвазијата на туристите.

Во филмот гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат Роб Шнајдер, Хетер Греам. Бил Ниги, Џејмс Корден, Захари Гордон и други. Филмот во кино салите доаѓа на 15 јануари.

13 ЧАСА:ТАЈНИТЕ ВОЈНИЦИ ОД БЕНГАЗИ

jan3

Филмот„ 13 часа: Тајните војници од Бенгази“ преставува американски акционен трилер во продукција и режија на режисерот Мајкл Беј, познат по филмовите :„ Лошите момчиња“ , Перл Харбор“, „ Карпа“ , „ Армагедон“ , „Остров“ и серијалот филмови „Трансформерси“.Сценариото за филмот е напишано од Чак Хоган и преставува адаптација на книгата „ 13 часа“ напишана од Мичел Цукоф еден од напопуларните и најпродваните автори во 2013 година.Таа се темели врз вистински настан кој им се случил на шест членови од тимот за безбедност кој се бореле да ја одбранат американскиот дипломатски конзулат во Бенгази, по терористичките напади кои се случиле на 11 септември, 2012 година.

Филмот е снимен според вистинскиот настан за терористичкиот напад на американскиот конзулат во Либија кој се случил точно 11 години по страшниот терористички напад на Светскиот Трговски Центар , при што животот го изгубиле шестмина службеници од обезбедувањето , вклучувајќи го и американскиот амбасадор Кристофер Стивенс.Што се случило всушност во тие 13 часа од тој шокантен напад?Што се случило со шесте мажи кои делувале наполно несебично и храбро, рескирајќи ги своите животи за да спречат уште поголема трагедија?Одговор на овие прашања нуди овој акционен трилер кој говори за храброста и пожртвованоста.

Филмот бил реализиран изминатата година на локации на островот Малта и Мароко.Главните улоги во филмот ги толкуваат:Џејмс Беџ Дејл, Џон Красински, Макс Мартини, Тоби Стивенс, Пабло Шрајбер, Дејвид Денман, Доминик Фумуза, Димитриј Грос и Фреди Строма.

МОМЧЕТО

jan 4

Љубителите на хорор филмовите во текот на овој месец ќе можат да уживаат во хорор филмот „ Момчето“ , чиј првобитен наслов бил „ Жител“, во режија на Вилијам Брент Бел. Главната улога во филмот ја толкува младата актерка Лорен Коен. Таа во филмот го игра ликот на девојката Грета која се пријавува на огласот да работи како дадилка во едно зафрлено место во Обединетото Кралство. По пристигнувањето , таа ќе дознае дека детето за кое треба да се грижи е всушност една порцеланска кукла во природна големина а која родителите ја третираат како вистинско момче. На тој начин тие всушност се справуваат со смртта на нивниот син.Откако Грета ќе ја игнорира листата на строгите правила кои треба да ги почитува, низа вознемирувачки настани ќе доведат до тоа таа да се увери дека куклата е жива.

Филмот бил реализиран изминатата година на локации во Викторија , Британска Колумбија.

Во филмот покрај Лорен Коен ,настапуваат уште и Руперт Еванс,Џим Нортон, Диана Хардкастл, Бен Робсон , Џејмс Расел и други.

РАЗУЗДАНИОТ ДЕДО

jan 5

Извонредниот актер Роберт Де Ниро во својата богата филмска кариера настапи такаречи во сите филмски жанрови .И мора да се признае дека секаде се снаоѓа подеднакво добро.Впрочем за тоа говорат големиот број на филмски награди и успехот на филмовите во кои настапува на кино благајните. И покрај тоа што се наоѓа во осмата деценија од својот живот тој и понатака е мошне активен на филмски план . Во оваа 2016 ќе го видиме во неколку филмови меѓу кои и во комедијата „ Разузданиот дедо“ на режисерот Ден Мазер.

Дејствието на филмот се врти околу дедото Дик, кој откако му починала сопругата,сака повторно да ужива во животот.Во тоа против своја воља му помага неговиот внук , младиот адвокат Џејсон Кели , кого го очекува венчавка со неговата свршеничка  за која неговиот дедо нема високо мислење и мисли дека таа не е вистинскиот избор за неговиот внук.

Тие двајца тргнуваат на едно незаборавно патување на Флорида каде ги очекуваат разуздани забави и се разбира многу убави жени.

Во филмот покрај ветеранот Роберт де Ниро настапуваат уште и Зак Ефрон,Џулијан Хуг,Обри Плаза, Зои Дуч, Дермонт Малруни, Адам Пели, Мо Колинс. Ден Мазер и други.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 130
Share
Previous Post

Димитриевски: Крапот се враќа во каналот Студенчишта – но што сторивме со најголемиот зимовник на крајбрежјево?!

Next Post

Европратениците ќе имаат одвоени средби со политичките лидери, Јанева и со ДИК

Next Post

Европратениците ќе имаат одвоени средби со политичките лидери, Јанева и со ДИК

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 130

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk