• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Димитриевски: Крапот се враќа во каналот Студенчишта – но што сторивме со најголемиот зимовник на крајбрежјево?!

јануари 9, 2016
in Аргументи за

После 8 години каналот Студенчишта е исполнет со рибари и пак го добива стариот сјај кога беше рај за рекреативни риболовци од цела Македонија.

 

Во тоа време  дневно на каналот престојуваа и се рекреираа над 500 рекреативни риболовци. Сега можеме да забележиме рекреативни риболовци само во ноќните часови. Крапот влегува во каналот пред стемнување и излегува пред разденување.

Една од причините што крапот не се задржува е секојдневното поставување на мрежи од страна на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро пред влезот на каналот и во трските на самиот влез од каналот.

Во тек е тоталната забрана за лов на пастрмка и белвица но концесионерот продолжува да фрла секојдневно мрежи за крап и клен и нормално ако улови некоја пастрмка ќе ја „врати“ во езерото.

krap1

 Каналот Студенчишта како најголемиот зимовник и мрестилиште за повеќе видови риба опстојувал со милиони години ние го уништивме за неколку години со пескарење на бродови, преголема концетрација на пловни објекти и влевање на отпадни води од објекти кои егзистираат покрај каналот.

На дното од каналот нема никаква вегетација (флора) и наликува на корито. Рекреативните риболовци со години бараат од надлежните да се ископа и продлабочи и каналот  да биде риболовна атракција кој би привлекувал туристи од цела Македонија.

Температурата на водата во каналот е константа поради Билјанини Извори и е едно од ретките места на Балканот каде може да се ловат повеќе видови на риба од средината на октомври до крајот на април, идеално место за развивање на риболовен туризам.

krap 2

Спортско рекреативните риболовци се против секаква урбанизација на брегот на каналот а особено против најавата за изградба на марина која трајно ќе го уништи овој најголем зимовник и мрестилиште за риба стар повеќе од милион години.

 radovan

Претседател на Здружение на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Посетеност: 140
Share
Previous Post

Што правеле тие по првата година од дипломирањето?

Next Post

Филмски премиери во јануари

Next Post

Филмски премиери во јануари

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 140

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk