• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во март

март 5, 2021
in Филмољубие

Во месецот во кој се збогуваме со календарската зима и ја дочекуваме календарската пролет, филмската понуда во кино салите е мошне скромна. Причината за тоа е позната. И покрај надежите дека на почетокот од оваа година ќе бидат во целост отворени кино салите , се чини дека на тоа ќе се почека.

Од друга страна во овој и следниот месец ќе бидат доделени најзначајните филмски награди за остварувањата во изминатата година која, што се однесува до кино салите, ќе остане запаметена по катастрофалната ниска посетеност.Ваквата состојба ги принуди филмските компании да се свртат кон поинаков начин на презентација на своите филмови и колку толку да се одржат во живот.

Како ќе изгледа оваа филмска 2021 година  ќе покаже времето и резултатите од борбата со големиот непријател, корона вирусот Ковид -19.

Но, да видиме кои филмови би требало да се најдат во кино салите во месец март.

MV5BYTcxYTk3MWQtZThlMS00ZjQ0LTg0NjktNGVkNWM2MTAyYWJmXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyMjM2NDc2. V1 UX140 CR00140209 AL

ОДЕЊЕ ПО ХАОС

Познатиот режисер Даг Лиман („Борновоит идентитет“, „Фер игра“…) со филмот „Одење по хаос“ се преставува во научно фантастичниот жанр.

Се работи за филм чие дејствие се случува во не толку далечната иднина . Тод Хјуит ја открива Виола , мистериозно девојче кое доаѓа на неговата планета , каде сите жени исчезнуваат, а мажите се погодени од сила која ги уништува нивните мисли. Во овој опасен пејзаж,животот на Виола е загрозен а Тод ветува дека ќе ја заштити. За да го направи тоа тој ќе мора да ја открие сопствената внатрешна моќ која ќе му овозможи да ги отклучи мрачните тајни на планетата.

Во филмот главните улоги ги толкуваат:Том Холанд, Дејзи Ридли, Демијан Бичир, Дејвид Ојелово, Мадс Микелсен, Синтија Ериво…

MV5BZWNiOTc4NGItNGY4YS00ZGNkLThkOWEtMDE2ODcxODEwNjkwXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

РАЏА И ПОСЛЕДНИОТ ЗМЕЈ

Од вчера, во кино салите во САД и низ целиот свет требаше да започне да се прикажува компјутрески анимираниот филм „ Раџа и последниот змеј“ на компанијата Дизни.

Многу одамна , во измислената земја Кумандра, луѓето и змејовите живееле заедно во хармонија. Меѓутоа, кога  злобните суштества познати како Друни ќе и е заканат на земјата, змејовите се жртвувале за да го спасат човештвото. Сега , по 500 години подоцна, истите тие чудовишта повторно се враќаат на земјата и повторно му се закануваат на човештвото .Еден осамен воин оди во потрага да го пронајде последниот змеј за да им помоге на земјаните да ги запре Друните засекогаш.

Режисери на филмот се Дон Хол и Карлос Лопез Естрада.

MV5BMjEzNDM4YWMtZWE5Ny00MTliLWEzY2ItODU0NmE2ZTUzMDhlXkEyXkFqcGdeQXVyMTE1MzI2NzIz. V1 UY209 CR00140209 AL

МОЈАТА ГОДИНА НА СЕЛИНЏЕР

Филмската драма „Мојата година со Селинџер“  во режија на Филип Фалардо е од 2020 година и со него беше отворен минатогодишниот 70. Берлински филмски фестивал. Заради појавата на пандемијата од корона вирусот , филмот на репертоарот во кино салите доаѓа една година подоцна.

Во филмот кој е темелен врз истоимените мемоари на Џоана Ракоф, настапуваат Маргарет Куали, Сигурни Вивер, Даглас Бут, Сеана Керслајк и други.

Филмот говори за Џоана, амбициозна писателка која во 1995 година го напушта Беркли во Калифорнија и со своето момче Карл се сели во Њујорк, каде се вработува во една од најстарите книжевни агенции во овој град која е управувана од Маргарет. Не знаејќи ја Џоана, агенцијата се грижи за интересите на озлогласениот писател Селинџер. Од друга страна , Џоана  не прочитала ниту една книга на Селинџер. Маргарет не верува дека компјутерите се корисни и ја тера Џоана да и пишува користејќи машина за пишување. За време на нејзиното работање во агенцијата, одговорностите на Џоана вклучуваат и пишување одговори на големиот број на писма  кои се испратени  до Селинџер.

MV5BMjI3YjY0YmItYWI5OS00MTgwLWI4NjYtM2M3N2RhNTljMGVkXkEyXkFqcGdeQXVyODEwNTMxOTA. V1 UY209 CR00140209 AL

КОСМИЧКИ ГРЕВ

Филмот преставува авантуристички научно фантастичен филм кој говори за

седум лажни војници кои започнуваат превентивен удар против новооткриената вонземска цивилизација со надеж дека ќе ја прекинат меѓу ѕвездената војна пред таа  да започне.

Режисер на филмот е Рдвард Дрејк а главните улоги ги толкуваат Френк Грило и Брус Вилис.

MV5BZjUxMTFhYTQtNmRlOS00MGI1LWFlNDItOTIwNmZjNmVkYjk3XkEyXkFqcGdeQXVyMTE1MzI2NzIz. V1 UY209 CR10140209 AL

НАВИСТИНА

Хоророт со елементи на научна фантастика  говори за една тинејџерка која е во бегство и која учествува во студија за спиењето. Студијата станува кошмарно спуштање во длабочините на нејзиниот ум и застрашувачко испитување на моќта на соништата.

Режисер на филмот е Ентони Скот Барнс а главната улога ја толкува Скајлер Радзион.

MV5BNTRhM2VlOTQtMGY2Ni00Yjg5LTg3OGEtYzUyMGRmM2FlNGVjXkEyXkFqcGdeQXVyMjAyNjIzOQ. V1 UY209 CR10140209 AL

ХОЛАНЃАНИ

Џејмс Бернард јуниор, ака Холанѓанец, станува  најопасниот криминалец во Њу Џерси. Уште од својата рана младост тој станува познат  како вешт крадец на автомобили. Холанѓанецот ја користи можноста да владее на улиците и тој тоа го остварува.  Со заштитата и со почитувањето на мафијата, Холанѓаните стануваат најстрашната сила на улиците. Окружниот правобранител Ентони Џејкобс е решен да го симне Холанѓанецот  и неговиот тим од престолот. Тој е убеден дека неговите сведоци ќе сведочат против нив.

Режисери на филмот се Престон А. Витмор и Дејвид Волфганг. Улогите им се доверени на Маклом Дејвид Кели, Роберт Костанцо, Тајрин Тарнер, Ијана Хали …

 

MV5BYjg4YTJlNzMtY2U0OC00N2FjLWI0ZTgtNGM1NDRhMWNhZmRkXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UX140 CR00140209 AL

КУРИР

Во трилерот „ Курир“ познатиот актер Бенедикт Камбербач игра лик на британски деловен човек кого бизнисот го носи во контакт со известувачките кругови во позадината на ескалирачка криза со нуклеарно оружје во Куба.

Филмот е во режија на Доминик Кук а во останатите улоги се појавуваат уште и Мераб Нинидзе, Рејчел Броснахан, Владимир Чупирков и други.

MV5BYzVjMWU4OGUtNGEyZS00MjJiLWIzNTMtNDk1NDdmMDUwYTAyXkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UY209 CR00140209 AL

САС:ЦРВЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Приказната на овој акционен филм говори за една малечка армија на добро обучени криминалци кои се предводени од Ласло Антонов кои го киднапираат возот Евростар под  Ла Манш.

Режисер на филмот е Магнус Мартенс а главните улоги ги толкуваат. Сем Хјуган, Хана Џон – Камен,Руби Роуз, Енди Серкинс, Том Вилкинсон и други.

MV5BMzYwMzAxNjMtMTQyNS00MWJmLTkzYWQtZDIwYWEwMDc2ODM4XkEyXkFqcGdeQXVyMTA1MDIxODk4. V1 UY209 CR240140209 AL

НЕИЗДРЖЛИВА ТЕЖИНА НА МАСИВНИОТ ТАЛЕНТ

Оскаровецот Николас Кејџ претежно го препознаваме по неговите улоги во акциони филмови но понекогаш знае да „залута“ и во некој друг филмски жанр.Комедиајата со необичен наслов„ Неиздржлива тежина на масивниот талент“ е токму еден од тие филмови.Тој во филмот игра улога на човек кој штотуку добил отказ и се согласува да се појави на роденденската забава на еден супер милијардер како негов обожавател. Но , работите не се онакви како што изгледаат …

Режисер на филмот е Том Гормикан а покрај Кејџ во филмот настапуваат уште и Педро Паскал, Нил Патрик Харис и Шерон Хорга.

MV5BZjhkZjQxZjctMzkwOS00ZmNmLTkyYTQtYjA0YTljZWYxNDRkXkEyXkFqcGdeQXVyMTE1MzI2NzIz. V1 UY209 CR00140209 AL

ПОСЛЕДЕН ПОВИК

Џереми Пивен , Тарин Менинг, Брус Дерн и Зак МекГован се дел од актерската екипа која настапува во комедијата „Последен повик“ која како режисер ја потпишува Паоло Пилади.

Еден инвеститор за недвижнини се враќа во својата стара населба Фили. Тој мора да се одлучи дали да  го затвори или да го воскрсне семејниот бар.

MV5BMGMxMzBhNDQtODJhNy00NDBmLWI5NTYtMTJkMjUxYjE0OWZjXkEyXkFqcGdeQXVyMTAyMjQ3NzQ1. V1 UY209 CR00140209 AL

СРЕЌНО

Филмот преставува романтична комедија со елементи на криминал и трилер. Главни ликови во приказната се Том и Џенет кои со години  се во среќен брак. Но, посетата на еден странец ќе го смени нивниот живот . Тој ќе ги вплетка со еден мртовец и ќе отвори многу прашања како и патување со пријатели кои всушност не се пријатели.

Во филмот настапуваат:Натали моралес, Кери Бише, Натали Зеа и Џоел Мек Хејл.Режијата на филмот ја потпишува Бен Дејвид Грабински.

MV5BMjM5YTRlZmUtZGVmYi00ZjE2LWIyNzAtOWVhMDk1MDdkYzhjXkEyXkFqcGdeQXVyMjMxOTE0ODA. V1 UX140 CR00140209 AL

НИКОЈ

Еден случаен минувач кој интервенира за да и помогне на една жена која е малтретирана од група мажи, ќе стане мета на одмазда на еден мафијаш со дрога.Режисер на оваа акциона криминална драма е Илја Наишулер а главните улоги ги толкуваат:Боб Оденкирк, Кони Нилзен, Кристофер Лојд и други.

MV5BOTg0N2ExMDAtNDViNi00Y2RlLTk3YmEtMGUxMzU2MTI1YmJhXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

СЕДМИОТ ДЕН

Кон крајот на месецов (26.март) во кино салите би требало да започне да се прикажува и хорор филмот „Седмиот ден“. Филмот говори за еден познат егзорцист кој се здружува со еден млад свештеник при неговиот прв ден од обуката.И додека тие се спуштаат се подлабоко во пеколот на земјата, границите меѓу доброто и злото се замаглуваат и се појавуваат нивните сопствени демони.

Режисер на филмот е Џастин П. Ланге а главната улога ја толкува Гај Пирс. Тука се уште и Кит Дејвид, Стивен Ланг и Робин Бартлед.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 147
Share
Previous Post

Денеска 3519 тестирања и 843 нови случаи на ковид-19

Next Post

Ученици од Гимназијата во Охрид виртуелно беа домаќини на проект од Еразмус +

Next Post
Ученици од Гимназијата во Охрид виртуелно беа домаќини на проект од Еразмус +

Ученици од Гимназијата во Охрид виртуелно беа домаќини на проект од Еразмус +

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 147

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk