• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во ноември (1)

ноември 2, 2016
in Филмољубие

Во месец ноември во кино салите ширум светот но и во кино салите низ Македонија (онаму каде има редовни кино проекции) премиерно ќе бидат прикажани голем број на филмови од сите жанрови меѓу нив и неколку филмови кои критиката веќе ги гледа како најсерозни кандидати за освојување на некоја од големиот број од предстојните награди.Од таа причина во овој период на репертоарот ќе се најдат филмови кои се адути на големите филмски компании во трката по најпрестижната награда, Оскарот, но и филмови кои во предстојните празници би требало да заработат многу пари. Затоа , последните два месеци од годината носат богата филмска понуда за сите вкусови.Во овој прв преглед ќе ве запознаеме со десетина наслови кои пред публиката ќе бидат преставени овој и следниот петок.

 

doktor

ДОКТОР СТРЕЈНЏ

Уште еден стриповски јунак од студиото  Марвел во петок ќе биде преставен пред публиката во кино салите ширум светот. Се работи за „ Доктор Стрејнџ“ на режисерот Скот Ериксон во кој главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербич, Чиветел Ејџифор, Тилда Свинтон , Рејчел Мек Адамс и други.

Филмот ја донесува приказната за светски познатиот хирургСтивен Срејнџкому животот му се менува засекогаш по ужасната сообраќајна несреќа  по која рацете му остануваат парализирани.Бидејќи традиционалната медицина не мопже да му помогне , тој е принуден помош да побара во мистериозниот регион попознат како Камар- Таџ.

Тој набрзо ќе дознае дека тоа не е обичен центар за лекување, туку дека тоа е прва борбена линија против мрачните сили кои сакаат да ја уништат нашата реалност.Вооружен со нови магични моќи , Стрејнџ е принуден да одбере дали сака да се врати во животот полн со богатство и слава или, пак, да го остави сето тоа зад себе и да се бори против најмоќниот волшебник на светот.

 

trolovi

ТРОЛОВИ

Од креаторите на Шрек, пристигнува најпаметната и смешна анимирана комедија на годината, „Тролови“ во режија на Мајкл Мичел и Волт Дорн.

Филмот овозможува влез во шарениот, чудесен свет населен од урнебесно незаборавните ликови и откријте ја приказната за оптимистичните Тролови кои само пеат, и комично песимистичните Бергенс, кои се среќни само кога имаат Тролови во стомакот. Одликувајќи се со песната од Џастин Тимберлејк и во исчекување на многу други песни од познати артисти, во филмот гласовите ги позајмуваат Ана Кендрик, Џастин Тимберлејк, Расел Бранд, Џејмс Корден, Гвен Стефани, Зое Дешнел, Критина Барански, Џон Клиз и многу други.

Компанијата „ Дрим воркс“ која стои зад овој проект во овој компјутерски анимиран фил вложиле 120 милиони долари.

 

grebenot

ГРEБЕНОТ НА СПАСЕНИТЕ

Филмот „Гребенот на спасените“ ја раскажува извонредната приказна за Десмонд Дос (Ендру Гарфилд) кој за време на најкрвавата битка во Окинава спасил 75 луѓе без да испука ниту еден куршум. Тој бил единствениот американски војник во Втората Светска војна кој што се борел во првите борбени редови не носејќи оружје. Иако верувал дека војната е оправдана, сепак, сметал дека убивањето е грешно. Како воен болничар, самостојно ги евакуирал повредените зад непријателските линии успешно избегнувајќи го огнот, за на крај да биде повреден од шрапнел и снајпер. Дос е првиот совесен спротиставувач кој има добиено „Медал на честа“.

Во филмот покрај  , веќе споменатиот Ендрју Гарфилд,настапуваат уште и Тереза Палмер, Лук Бреси, Винс Вон, Сем Вортингтон, Хуго Вивинг, Рејчел Грифитс, Натаниел Бузолик, Мило Гибсн (роден син на Мел Гибсон, режисерот на овој филм кој го режирал по цели 10 годи по неговиот флм „ Апокалиптика“ од 2006 година).

Според многумина филмот ќе биде еден од фаворитите за предстојното доделување на наградата Оскар.Само два дена по премиерата на филмот на посебна церемонија која ќе се одржи во хотелот „ Беверли Хилтон“ќе му биде врачена наградата Холивудски режисер.Наградата оваа година ќе се додели по 20 пат а досега добитници биле Оливер Стоун, Мартин Скорсезе, Џон Шлезингер и Дејвид Расел.

loving

ЛОВИНГ

Филмот„ Ловинг“ на режисерот Џеф Николс е направен според вистински настан . Тоа е приказна за Ричард и Милдрид Ловинг , мешовита брачна двокја . Тој е белец а таа е црнкиња . Тие биле осудени на егзил во 1958 година , затоа што стапиле во брак . Филмот ја раскажува нивната приказна за деветгодишната борба за да се вратат во својот дом во Вирџинија.Епилогот на таа борба уследил по историскатѕа одлука  на врховниот суд на САД во 1967 година која прогласила дека е неуставен секој закон кој забранува брак помеѓу црнец и белец. Поаѓајќи од тоа сознание, режисерот Николс се бави со искуството на на брачната двојка Ловинг со деликатност и достоинственост.Целиот случај е презентиран преку интимната борба и драмата на овие двајца храбри луѓе, а не на очекуван , стандарден начин на голенм судски процес.

 Се работи за возбудлив, добар , значаен филм , со двајца актери во главните улоги Рут Нега и Џоел Едгертон кои овие тешки улоги ги донесуваат со отменост , елеганција и достоинственост.Филм кој треба са се погледне и да се ужива во него.

Ова остварување привлече големо внимание на годинешниот Кански филмски фестивал каде беше прикажан во главната конкуренција по наградата Златна палма.

rezultat copy

РЕЗУЛТАТОТ ОД ДОЛГАТА ПРОШЕТКА НА БИЛИ ЛИН

Филмот преставува воена драма во режија на оскаровецот Анг Ли снимена според сценариото на Жан Кристоф Кастели врз основа на истоимениот роман на Бен Фонтана.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Џо Алвин, Кристен Стјуарт, Гарет Хедлун, Вин Дизел, Стив Мартин и Крис Такер.

Филмот говори за 19 годишниот специјалист во армијата на САД Били Лин во воените операции во Ирак.Откако тој и неговите другари едвај преживуваат една битка која добива широк одек во вестите, тие се слават како херои и се враќаат дома по наредба на Министерствот за одбрана. По враќањето во САД тие одат  на промотивна турнеа низ целата земја која завршува со нивното пшрисуство на спектакуларното шоу од фудбалскиот натпревар кој се одржува на денот на благодарноста.Таму , Лин ги раскажува трагичните спомени од војната кога во една од акциите погинува еден од неговите соборци.

 Филмот е реализиран во текот на 2015 години на локации во Грузија. Ова остварување преставува копродукција помеѓу САД, Велика Британија и Кина.

recisi

РЕЧИСИ БОЖИЌ

Секоја година во овој период пред Божиќните празници вообичаено и традиционално на кино репертоарот доаѓаат по неколку филмови кои за тема ги имаат Божиќните празници.Така ќе биде и оваа година  кога на репертоарот ќе се најдат два филмови со вакви пригодни содржини. Првиот е насловен како „ Речиси Божиќ“ во режија на Дејвид Е. Талберт.Главните улоги во филмот ги толкуваат Кимберли Елис, Мо ’Ник,

Никол Ари Паркер, Габриел унија, Џеси Ашер, Дени Гловер и други.

Филмот говори за едно  дисфункционално семејство  кое се собира заедно за Божиќ и тоа за првпат по смртта на нивната мајка.

pristignuvanje

ПРИСТИГНУВАЊЕ

Лингвистот Луис Бенкс е регрутиран од војската за да помага во преведување со вонземски комнукации. Кога мистериозно свемирско летало ќе слета на Земјата, тим од елитни членови предводени од лингвистот Луиз Бенкс, се собира за да ја испитаат ситуацијата. Како што човештвото се тетерави на работ на глобална војна, Бенкс и неговиот тим се во трка со времето да пронајдат одговори. Во потрагата ќе се соочи со предизвик кој што ќе го загрози неговиот живот, како и целото човештво.

Филмот е во режија на Денис Вилнев а главните улоги ги толкуваатЕјми Адамс, Џереми Ренер, Форест Витакер и други.

 

zatocenicka

ЗАТОЧЕНИЧКА

Филмот претставува трогателен трилер за еден детски психилог кој што живее во рурално изолирано место во Нова Англија. Зафатена од смртоносна зимска бура, таа мора да најде начин како да заштити едно младо момче од исчезнување. Режисер на филмот е Фарен Блекбурн а главните улоги ги толкуваат Наоми Вотс, Кристал Балинт, Елен Давид, Тим Пост, Оливер Плат, Чарли Хитон и други.

taa

ТАА

Еден од најинтересните филмови нагодинешниот Кански филмски фестивал секако беше филм „ Таа“ во режија на познатиот холандски режисер Пол Верхове. Филмот е снимен според сценариото на Дејвид Бирк и Херолд Менинг а е напишано според новелата „ Ох…“ на ерменскиот дисидент Филип Дијан. Главните улоги во филмот ги толкуваат Изабел Ипер,Кристијан Беркел,Ен Консињи,Вирџин Ефира, Чарлс Берлинг, и други.

Овој психолошки трилер говори за Мишел Ле Бланк која е директорка на една успешна компанија за видео игри. Таа кон љубовта има немилосрден однос  како и кон животот кој од корен ќе и се промени кога во нејзината куќа ќе ја силуваеден непознат напаѓач. По овој чин таа е опседната од напасникот, но одбива да го пријави на полицијата.Наместо тоа таа купува спреј, секира и пиштол , учи да пука и тргнува во потрага по маскираниот напасник.

Филмот по фестивалот во Кан беше прикажан и на други филмски фестивали а е и француски кандидат за номинација за наградата Оскар во категоријата најдобар странски филм. 

Ѓоко Симјаноски. Публицитет.мк 

Посетеност: 157
Share
Previous Post

СБС на македонски: „Љубовната приказна на Американецот Скоти среде Мариово

Next Post

Се зголемува бројот на домаќинствата кои користат Интернет

Next Post

Се зголемува бројот на домаќинствата кои користат Интернет

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 157

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk