• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

СБС на македонски: „Љубовната приказна на Американецот Скоти среде Мариово

ноември 1, 2016
in На минување

Господ ме испрати во Македонија, зашто знаев дека таму е моето срце, мојата љубов Христинчето – ни кажува Скот Пинкстер,роден Американец кој отишол во Македонија, се вљубил во Христина, земјата и нејзините луѓе, научил убаво да зборува македонски, се оженил и го зел презимето на неговата невеста.

А во меѓувреме, додека чекале за визата на Христина, пасел говеда во Мариовско за да помогне на локалниот манастир. По заминувањето во Мичиген, Христина студира нутриционизам а долгорочен план им е да се вратат во Македонија и да купат фарма на која ке одгледуваат здрава храна.

Слушнете го разговорот со Скоти и Христина. Со нив разговара Радица Бојковска – Димитровска. 

Вака за австралиското радио СБС на македонски јазик ја раскажува својата животна приказна Скот Пинкстер, кој во Македонија стана Скоти Петровски.

„Не одеше некако со името Скот, знаете зошто, па сите во Македонија почнаа да ме викаат Скоти“.

Скот Пинкстер живееше во Македонија 4 години како дел од Мировниот корпус на САД (Пеаце цорпс). Брзо го научи македонскиот јазик, се заљуби во Македонија, во планините, во храната и, се разбира во Христина. Во Битола ја направија и свадбата. Сега се во САД каде Христина ги завршува студиите за нутриционизам во Америка.

Додека чекале за визата на Христина, Скоти ги пасеше говеда во Мариовско за да помогне на локалниот манастир.

„Го прашав отец Никола во селото Манастир дали сака помош. Имаше 7-8 крави. Јас се грижев за кравите. Почнаа да ме викаат Скоти гојдарчето. Уживав во тоа да бидам гојдарче. Сега, откако Христина ќе ги заврши студиите во Мичиген, нашиот план е да се вратиме во Македонија, да купиме земја и да произведуваме здрава храна“, вели Скоти.

За преземањето на презимето на невестата, Скоти вели – така ми кажа срцето, така ми дојде, го правам тоа што го сакам, не се срамам од тоа.

Со Скоти и Христина Петровски разговара уредничката на македонската редакција на СБС  Радица Бојковска – Димитровска 

Извор: СБС на македонски 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Судот до Јанева: „Пуч“ досега се одложуваше на Ваше барање

Next Post

Филмски премиери во ноември (1)

Next Post

Филмски премиери во ноември (1)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk