• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во октомври (1)

октомври 2, 2015
in Филмољубие

                                            

И во месец октомври премиера ќе доживеат поголем број на филмови од сите жанрови. Сепак најголем број од нив се филмови кои се потенцијални кандидати за највисоките филмски награди.Денес ќе ви преставиме пет интересни филмови а следната недела уште пет.

ПРОШЕТКА

prem ok 1

Вчера во американските кино сали но паралелно и во светот започна да се прикажува најновиот филм на познатиот режисер Роберт Земекис „Прошетка“.Филмот преставува биографска драма во 3Д за кого сценариото го напишале Кристофер Браун и Роберт Земекис.Приказната на филмот говори за прошетката на жица на францускиот уметник Филип Петит која била оптегната меѓу кулите близначки на Светскиот трговски центар. Настанот се случил на 7.август .1974 година .Главните улоги во овој филм ги толкуваат Џозеф Гордон –Левит, Бен Кингсли,Бен Шварц и Стив Валемтин.Филмот својата светска премиера ја имаше на 26 септември во рамките на фестивалот во Њујорк. Буџетот на филмот изнесувал „скромни“ 35 милиони долари.

Инаку Земекис е еден од најплодните режисери ,продуценти и сценаристи. Само да се потсетиме на неговата триологија „ Враќање во иднината“ , „ Кој му го смести на зајакот Роџер“, „ Контакт“ , „ Полар експрес„ или култниот „ Форест Гамп“ за кој го освои оскарот за најдобар режисер.Критиката има пофални зборови за неговиот најнов филм а некои го сметаат за еден од годинешните фаворити кои ќе се најдат во трката по наградата Оскар.

ПАН

prem ok 2

На 9 октомври во кино салите ширум светот ќе започне да се прикажува британско- американскиот филм „ Пан“ во режија Џо Рајт . Приказната на филмот е темелена врз романот на шкотскиот автор Сер Џејмс М. Бери, кој бил издаден за прв пат во 1904 година.Главните улоги во оваа најнова верзија ги толкуваат Хју Џекмен,Гарет Хедлун кој го игра ликот на капетанот Кука, Руни Мара и младиот актер Леви Милер во ликот на Петар Пан.

Филмот својата премиера ја имаше во Лондон на 20 септември. Многу генерации пораснале со приказната за Петар Пан и јас верувам дека не посиои човек кој не би сакал да полета и да оди во земјата Недојдија. Досега се направени неколку верзии на овој филм ,најпозната и, според многумина најдобра , е цртаната верзија на Волт Дизни од 1953 година. Една од подобрите играни верзии е и онаа од 2003 година.

ЗАГОРЕН

prem ok 3

Во последните неколку години на филмскиот пазар се најдоа навистина голем број на филмови во кои се говори за готвењето. Ваквиот тренд може да се свати како своевиден одговор на филмаџиите на појавата на големиот број на шоу програми и емисии во кои се говори за готвењето.

Филмот „ Загорен“ е еден од последните кој се занимава со оваа тема.Во него се раскажува за Адам Џонс кој е главен кувар , кој имал се’ во животот и изгубил се’.Некогашното немирно момче од парискара кулинарска сцена ,се грижел само за тоа да создаде експлозија од вкусови и да заработи што повеќе ѕвездички „ Мишелин“. Сега решил да се врати на голема врата , а за тоа му е неопходна помошта на Хелен…

Филмот е во режија на Џон Велс а главните улоги ги толкуваат мошне популарниот Бредли Купер а тука се уште и Сијена Милер, Алисија Викандер, Ума турман, Ема Томпсон, Омар Си…

ВИСТИНА

prem ok 4

Филмот „ Вистина “ преставува биографска политичка драма напишана и режирана од Џјмс Вандербилт, врз основа на мемоарите на Мери Мапес од 2005 година . Во филмот главните улоги фи толкуваат Кејт Бланчет и Роберт Редфорд.Инаку ова е режисерско деби на Вандербилт.

Филмот беше избран да биде прикажан во програмата на специјални презентација на годинешниот фестивал во Торонто.

Приказната на филмот се фокусира на последните денови од вестите на Ден Ратер и продуцентот Мери Мапес на СИ БИ ЕС во 2004 година .Веднаш по емитувањето на вестите тие станале контровезни заради користењето на неаргументираната документација која наводно ја користел председателот Џорџ Буш, кој се кандидирал во тоа време за реизбор .

Актерот и режисерот Роберт Рефорд досега неколкупати има настаувано во филмови со ваква согржина  а кои постигнале забележителен успех.

ТАЈНАТА ВО НИВНИТЕ ОЧИ

prem ok 5

Трилерот „ Тајната во нивните очи“ во режија Били Реј преставува римејк на истоимениот шпански филм кој освои Оскар во категоријата најдобар филм на 82 .доделување на оскарите.Во филмот главните улоги ги толкуваат Чиветел Ејџифор, Никол Кидмам, Џулија Робертс, Ден Норис и Макјл Кели.Романот според кој е напишано сценариото на филмот е дело на аргентискоит автор Едуардо Сачери.

Главните јунаци во филмот се членови на тимот на тајни агенти  на ЕФБИАЈ. Тие се тесно и пријателски поврзани со својот окружен тужител. Меѓутоа , тие врски ќе се искинат кога ќерката тинејџерка на еден од нив ќе биде брутално убиена…

Оригиналниот филм од 2009 година го режираше Хуан Хозе Кампанела а главната улога ја толкуваше познатиот аргентински актер Рикардо Дарин.

На оскаровката Џулија Робертс ова и е прва филмска улога по двегодишна пауза.Од друга страна Никол Кидман оди од филм во филм. Таа оваа година има реализирано дури пет филма а во следната 2016 година ја очекуваат три филмски проекти.

Ѓоко Симјаноски /Публицитет.мк 

Посетеност: 148
Share
Previous Post

„Мојот живот,мојот свет“: Хулија Хилми

Next Post

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид? (10)

Next Post

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид? (10)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 148

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk