МОМЕНТУМ
Во месец октомври своја премиера пред кино гледачите во САД и остатокот од светот ќе доживее и дебитантскиот филм на режисерот Стивен Кампанели , „ Моментум“ , за кого сценариото го напишале Адам Маркус и Дебра Саливен. Се работи за јужноафриканско–американаски трилер во кој главните улоги ги толкуваат Олга Кириленко, Морган Фримен и Џејмс Пурефој.Инаку, својата светска премиера филмот ја имаше на 22 јули на Меѓународниот филмски фестивал Фантазија во Монтреал ,Канада , родниот град на режисерот Кампанели.
Главниот јунак на филмот е Алекс ,мистериозен крадец , кој се повлекува од „бизнисот“ правејќи грабеж за последен пат заедно со својата партнерка. За време на грабежот на дијаманти се случува брутално убиство. Започнува смртоносна бркотница на мачка и глушец .Сега, неговата партнерка мора да открие што се крие зад овој последен грабеж и да ја открие тајната за тоа кој е мистериозниот маж кој од неа направил мета.
НАШИОТ БРЕНД Е КРИЗА
Филмот „ Нашиот бренд е криза“ преставува драма со елементи на комедија во режија на Дејвид Гордон Грин за кого сценариото го напишал Питер Строуген. Филмот е базиран врз документарниот филм со ист наслов на режисерот Рејчел Боинтон од 2005 година. Филмот говори за американската стратегија на политичката кампања Гринберг Карвил Шрум која била користена за време на председателските избори во 2002 година во Боливија . Во филмот главните улоги ги толкуваат Сандра Булок, Скот Мек Наири, Били Боб Тортон, Ентони Мек Ки и Ен Довд.Филмот беше прикажан во секцијата „ Посебни проекции“ на годинешниот 40 . Интернационален фестивал во Торонто.
Филмот започнал да се реализира на 29 септември 2014 година во Њу Орлеанс, Луизијана.Продуценти на филмот се Џорџ Клуни и Гранд Хеслов за потребите на компанијата Хаус Пикчерс.Филмот пред публиката треба да се појави на 30 .октомври.2015 година.
Во 2002 година ,боливискиот политичар Педро Гало ја ангажира американската политичка консалтинг фирма на Џејмс Карвил „ Гринберг Карвил Шрум “, за да му помогне да ги добие председателските избори во Боливија во 2002 година.Фирмата ја испраќа Џејн Бодин за да управува со кампањата во Боливија.Таа за
противник го има политичкиот консултант на опозицијата Пет Кенди . Бодин успешно ја користи американската стратегија за политичка кампања за дојде до победа над Гало Виктор Ривера ( во романот се работи за социјалистичкиот кандидат Ево Моралес кој ќе победи на изборите во оваа земја во 2006 година.)
ПОСЛЕДНИОТ ЛОВЕЦ НА ВЕШТЕРКИ
На 23 октомври во кино салите ќе започне да се прикажува акционо авантуристичко научнофантастичниот филм „Последниот ловец на вештерки“ на режисерот Брек Ејзнер. Во филмот настапуваат Вин Дизел, Розе Если, Илајџа Вуд, Мајкл Кејн, Рена Овен…
Со столетија наназад, цели војски на ловци на вештерки ширум светот се бореле против страшните суштества , а меѓу нив бил и Колдер , храбар воин кој успеал да ја убие семоќната Кралица вештерка и притоа ги десеткувал и нејзините следбеници. Во моментите пред својата смрт таа го проколнува Колдер и прави тој да биде бесмртен со што засекогаш го одвојува од неговата сакана сопруга и ќерка.Денес, Колдер е единствениот припадник на својата врста, бесмртен ловец кој веќе со столетија лови вештерки, во истовреме чезнејќи за одамна изгубените сакани суштества.Но , Колдер не е свесен дека Кралицата вештерка повторно оживеала и е желна да му се одмазди на својот убиец, што ќе доведе до епска битка која ќе одлучи за тоа дали ќе преживее човековиот род.
Филмот ,кој имал буџет од 90 милиони долари, бил реализиран на две локации во Питсбург-Пенсилванија и во Јужна Калифорнија.
КАЗБАХ РОК
На 23 ноември во кино салите ќе започне да се прикажува една необична комедија чие дејствие се случува во Авганистан.Зошто необична , пред се бидејќи се работи за комедија која говори за рок музика .
Главниот лик во филмот е еден музички менаџер , кому не му оди баш многу во животот. Но, тој ќе сретне една тинејџерка со несекојдневен глас,и тоа додека се наоѓа на турнеја по Авганистан !Тој веднаш ја води во Кабул и ја пријавува за учество во најпопуларната телевизиска шоу програма – „ Афган Стар“…Е , сега може да замислите како сето тоа може да изгледа меѓу рафали од сите видови оружја, бомби ,ракети…
Главните улоги во филмот ги толкуваат : Бил Мареј, Зои Дишанел, Кејт Хадсон, Брус Вилис, Кели Линч и други. Режисер на филмот е стариот мајстор ,оскаровецот Бери Левинсон кој во 1988 година го освои оскарот за најдобра режија за филмот “Дожливиот човек“.Но, добрите познавачи на филмот го паметат и по филмовите: „Добро утро Виетнам“; „ Младиот Шерлок Холмс“; „ Багзи“; „ Сфера“; „ Спијачи“…
За актерот Бил Мареј кој доживеа втора актерска младост со настапот во филмот „Изгубени во преводот “ и не трба многу да се говору туку едноставно да се ужива во неговата игра.
КРИМСОН ПЕК
Познатиот мексикански режисер од срената генерација, Гулиермо дел Торо наскоро пред судот на публиката ќе излезе со својот најнов филм „ Кримсон Пек“. Филмот преставува драма со елементи на хорор и фантастика . Во неговата досегашна кариера направи неколку навистина интересни филмови со кои изгради свој стил на препознатливост. „ Хелбој“;„ Пановиот лавиринт“; „ Пацифик Рим “ се само мал дел од филмовите кои тој ги направи досега а кои обилуваат со елементи по кои стана препознатлив. И неговиот најнов проект „ Кримсон Пек “ се наоѓа на таа линија.
Приказната на филмот говори за една млада жена чие срце ќе го украде еден заводлив странец по што таа ќе се најде во една куќа која се наоѓа на врвот од една планина која е создадена од црвена глина. Во неа се наоѓаат тајни кои ќе ја прогонуваат до крајот на нејзиниот живот. Зад мистичната страст и темнина , тајни и лудила се наоѓа вистината која ја сокрива Кримсон Пек.
Во филмот настапуваат Миа Васиковска ,која ја запознавме во филмот „Алиса во земјата на чудата„ на режисерот Тим Бартон, потоа Џесика Честеин, Том Хидлестон, Чарли Хунам, Даг Џонс и други.
Ѓоко Симјаноски / Публицитет.мк