Светската пливачка организација (ФИНА) ги одреди точните датуми на одржување на маратонските трки од Светскиот куп за новата сезона.
За нас најинтересен е терминот од Охридскиот маратон кој годинава ќе се одржи на 20 август. Тоа ќе биде јубилејно, 30. издание на маратонот каде триумфот ќе го брани нашиот пливач Евгениј Поп Ацев кој лани стана првиот Македонец што триумфирал на патеката “Климе Савин”.
Инаку, сезоната почнува на 7 февруари со маратонот во Санта Фе, Аргентина. Втората трка е на 13 февруари, во Вила Уркиса, исто така во Аргентина, а третата – на 30 јули, во канадското езеро Сен Жан, по што следува Охридскиот маратон на 20 август и италијанскиот Капри – Неапол, на 4 септември.
Интересно е што маратонот во Охрид се совпаѓа со финишот од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Извор: sportmedia.mk






