• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Будва, Дубровник и Котор- тројна магија за време на новогодишните празници

јануари 5, 2016
in Uncategorized

Оваа година за Новата година, ја имав таа среќа да сум три дена покрај Јадранското Море и преминот од 2015 во 2016 да го поминам на преполниот плоштад во Будва.

Будва уште со самото наше пристигнување, веднаш успеа да ни го одземи здивот со своите плажи и безбројни продавничиња покрај брегот. Стариот дел на градот со своите малечки и тесни улички, потсеќа на Венеција, а градбата на објектите и нивната историја, се мамка  за секој турист.

more 2   more 3

Познат како еден од омилените туристички дестинации во Хрватска, Дубровник успеа да не` маѓепса со својата древна архитектура и новогодишните тезги и украси. Истиот ден, кога бевме, се оддржуваше маратон во трчање, којшто само уште повеќе ја покажа раздвижаноста на градот и активноста на жителите. Разбрануваното море само ја посочуваше убавината на градот, давајќи им израз на многубројните јахти, додека мирисот на солените бранови беше тоа што не ни дозволуваше да го напуштиме Дубровник.

 

more4     more5

Како наша последна дестинација, го избравме Котор, уште еден прекрасен град, со древни градби и привлечна архитектура, којшто за наша (не)среќа беше скоро празен, бидејќи сепак тоа е еден град познат како доста посетена летна дестинација.

more6     more7

5, 4, 3, 2, 1… СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Доаѓањето на Новата година, го поминавме на плоштадот во Будва, каде народ од целиот Балкан беше собран за концертот на Здравко Чолиќ, којшто направи извонредна забава. Втората вечер, со добро друштво, ја поминавме во еден од баровите во тесните улички на Будва, потоа продолжувајќи на плоштад, каде заедно со Џибони ја испеавме неговата „Либар“.

more 8    more 9

                За сите на коишто не сакаат да ја поминуваат Новата година на еден ист, „традиционален“ начин и се подготвени за уживање, дружење и забава, посетата на овие три места нека ви биде иден новогодишен план. Иако цените на производите се малку повисоки од оние во Македонија,  сепак вреди да се посетат Будва, Дубровник и Котор и да оставите да ве понесат со својата магија. Ако не ми верувате, во прилог се неколку фотографии за да се одлучете сами.

 

more 10     more12

 

 

more13    more14

Текст и фотографии:

                 Дамјана Видическа, Публицитет.мк 

Посетеност: 114
Share
Previous Post

Денеска го славиме Свети Наум Охридски – Чудотворец

Next Post

ФИНА – Охридскиот пливачки маратон годинава на 20 август

Next Post

ФИНА - Охридскиот пливачки маратон годинава на 20 август

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk