Некои ги исфрлаат слатките од менито, други малку повеќе вежбаат, трети користат кремови за обликување на телото, а некои мислат дека сончањето е спас. Не допуштајте волјата за добрата форма да заврши тука – бидете активни и на одмор, додека ги работите секојдневните работи што ги сакате.
Ако ова лето одите на море и се сончате на некоја песочна плажа, шетајте по плажата и ќе се вратите од летувањето во уште подобра форма.
1. Ќе го затегнете телото – воопшто, шетањето позитивно влијае на работата на срцето и добриот крвоток. Ги зајакнува зглобовите и мускулите, ви дава флексибилност, а пред се’ добра кондиција.
2. Збогум на калориите – со само 30-минутно шетање на плажа може да изгубите и до 250 калории.
3. Побрз метаболизам – додека шетате, пробајте да дишете длабоко, бидејќи вдишувањето на јодот го забрзува метаболизмот.
4. Без проширени вени – додека газите по влажниот и нерамен песок, а истовремено брановите ви ги заплискуваат нозете, ефикасно спречувате создавање проширени вени на нозете.
Извор: Убавина и здравје.мк