После неколку години помало јато фламинга деновиве повторно беше забележано во плиткиот крајбрежен дел помеѓу Тушемишта и Поградец на албанскиот дел од Охридското Езеро.
Зоран Спирковски од Охрид сподели неколку свои фотографии направени деновиве во ФБ групата „Охрид, Охрид убав, мил“. Ние одбравме само една за фотографија на неделата.
Се надеваме дека ќе ви се допадне.
Публицитет.мк