Македонското културно друштво „Свети Кирил и Методиј“ од Трентино, преку фолклорот,како најголем репрезент и амбасадор на секоја земја продолжува со презентација на македонските традиционални ора и култура ширум Италија.
Така во сабота на 16 февруари во Удине фолклорната група на МКД „Свети Кирил и Методиј“ од Трентино настапи на интернационален фестивал за игри и ора .Под раководство на кореографот Васко Ризманоски може со право да се каже дека нашата татковина Македонија ја претставивме во најдобро светло со изведбата на голем број македонски ора.
По завршувањето на манифестацијата следуваше заедничко дружење и забава со присутните учесници, соопштува претседателот на МКД „Свети Кирил и Методиј“ – Трентино Венко Трпески.
Публицитет.мк