Вчера во Трпејца се одржа и традиционалната кајакарска регата во чест на прерано починатиот тренер и претседател на КК „Рибар“ Номче Митрески.
Десеттината кајакарки и кајакари докажаа дека во Трпејца има голем потенцијал за развој на овој спорт на вода. Време е младите да се организираат и со помош на повозрасните клубот, конечно да се обнови. Со тоа и регатата ќе ја добие потребната афирмација, а на неа би учествувале и други клубови. За најдобрите беа обезбедени пехари а присутните беа посебно среќни што регатата ја следеа мештаните и туристите долж бисерната плажа. И годинава регатата се одржа со поддршка и соработка со семејството Митрески, а беше дел од манифестацијата „На зајдисонце- 2015 “



Публицитет.мк






