Милка Ристовска е од Скопје, но вели дека без Охрид не може да живее.
Често пати доаѓа тука и бескрајно фотографира, како што тоа го прави насекаде каде што ќе ја однесе патот.
Кусо ни напиша дека сега има свој стан во Охрид и подолго време ќе останува тука. Фотографијата и е само хоби.
Името на фотографијата која ја одбравме да ви ја прикажеме е истото што авторката и го дала при поставувањето на нејзиниот фејсбук профил уште на 8 октомври 2014 г.
Кога се зборува за уметничките афинитети – не за да ја намалиме нејзината вредност, туку само да дадеме информација плус за неа и нејзините гени ќе ви соопштиме дека Милка Ристовска е сестра на академскиот уметник – познатиот Васко Ташкоски.
Нејзиното име често можевте да го видите на одјавните шпици на некогашна РТС сега МТВ при завршувањето на филмовите – таа е преведувач. Долги години работела во националниот сервис а сега е хонорарен преведувач во телевизијата.
Публицитет.мк