Познатата фотографка Славица Панова од Струга се најде меѓу десетте наградени на последниот избор на фотографии на отворениот конкурс на УНЕСКО.
– Фотографијата што ја испратив е направена пред околу 3 години во автокампот „Треска“ крај Радожда и еве од над стотината фотографи кои конкурирале жирито ја одбра мојата фотографија меѓу десетте наградени. Церемонијата на доделување на наградите е во вторник навечер во Поградец, Албанија, изјави за Публицитет.мк Панова.
Вреди човек да ужива во оваа уметничка фотографија и во општо познатото дека секој ќе ја доживее на свој начин.
Публицитет.мк