Во стилот на Руски документарен филм
Моето име добро го знаете. Многу од Вас биле кај мене, некои на гости, некои на летување а некои во истражувачки мисии.
И тие што не биле ме знаат. Тука сум повеќе од илјадници години и ќе останам тука и понатаму. Паметам многу, ама не кажувам никому. Оставам Вие сами да откриете, да истражите па да прераскажувате.Поминувате низ мене со бродови, се восхитувате на убавата природа и убавите градби, а секако и на најубавата планина во Македонија – Галичица. Има посебни предели кои ќе Ве остават без здив. За нив да ги видите и доживеете најубаво се плови со кајче. Кајчето е како забен конец. Ќе се пикне и таму каде големите бродови не можат, а секогаш плови
полека како искусен морнар.
Времето е топло, благо и пријатно без бранови. Небото е сончево без облаци а боите
се живи и сјајни.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(2).jpg)
Поаѓаме од апартамните на Вангел и одиме право до Заум. Веднаш се останува без здив….неверојатна убавина. Човека да го однесеш со врзани очи ке мисли дека се наоѓа во некој морски крајолик. Овде природата е прекрасна. Длабочините веднаш се постигнуваат а камената околина ја чува водата чиста и бистра како планинска река. Прво што здогледуваме е стара црква во Византиски стил а погледот на неа Ве враќа стотици години наназад. Света Богородица Заумска е фасцинантна градба од 1361 година до која се стига само преку мене (езерото). Сите цигли и градежен матерјал се пренесувани на кајче. Едно време запустена, но денес наликува како да се превзема нешто
за зачувување на ова богатство.
. ![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(3).jpg)
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(3).jpg)
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(4).jpg)
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(5).jpg)
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(6).jpg)
Фреските се меѓу поубавите во Македонија. Има неколку единствени како што е претставената на сликата – фреската на Света Ана.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(7).jpg)
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(8).jpg)
Можеби на нешто Ве потсетува ова место. Како да сте го виделе некаде. На море можеби, на Јонско или Јадранско, нели? Овде и рибите, кои ги има во изобилство фаќаат сенка под кајчето.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(9).jpg)
Продолжуваме за македонскиот Сент Тропе или како што велат Скопјаните – овде е шемата. Помладите можеби не знаат. Пловиме кон
Трпејца.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(10).jpg)
Постојат плажи на кои само со кајче може да дојдете. Повелете сами или во друштво и поминете еден од најубавите денови во вашиот живот. Романтично е на пуста плажа, опкружени со тиркизна боја насекаде околу Вас.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(11).jpg)
Стигаме до Трпејца која наликува на Азурното крајбрежје.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(12).jpg)
Овде пејсажот е чудесен. Дури и карпата плива сама во водата.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(13).jpg)
а Трпејца можеме многу да кажеме, но тоа ќе го оставиме за некоја наредна прилика. Доволно е сега да го привлечеме вашето внимание, за сами да ја посетите. Боите кои овде ќе ги видите и доживеете, ретко каде ги има на друго место.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(14).jpg)
Се враќаме назад покрај брегот накај Љубаништа. Поминуваме и покрај Св. Петар и Св. Никола, полу-пештерски цркви каде фреските се нацртани на каменот од планината. Ова место некогаш било сакрален објект од високо значење, но најинтересно е тоа дека местото каде се насликани фреските не го фаќа дожд дури ни при најсилни бури. Неговата специфична убавина плени и ја разгорува имагинацијата за тоа како луѓето живееле во минатите векови. Многу од испосниците дел од своето битисување ги поминале во овие краишта. Недопрената природа постојано те повикува да застанеш и да ги посетиш многуте диви мали бели плажи. Застануваме да се напиеме вода од еден од многуте извори што извираат од под Галичица. Изворот има температура од само 6 степени Целсиусови. Местото каде изворската се меша
со езерската вода наликува на масло.
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte%20(15).jpg)
За крај, како шлаг на тортата ќе отпловиме до Св. Наум. За овој манастир мислам дека нема што да кажеме а веќе да не го знаете. Манастирот кој ги чува моштите на светецот е симбол на Македонија со илјданици години. Тоа е исто така и симбол на Словенската писменост и култура во Љубаништа.
.![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte-2121323.fw.png)
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte-2121323.fw.png)
Вртиме назад со кајчето и полека се враќаме ![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte-2121.fw.png)
![](https://www.fakulteti.mk/Images/ljubanishte-2121.fw.png)
А секако, ете го и Г-нот Џонатан Ливингстон кој цело време не следеше ловејќи по некое рипче попат.
Извор: Факултети.мк