Дождот не ја спречи манифестацијата „Преку поезија до хумани вредности“ органзирана од Црвен крст – Охрд по повод неделата на ПХВ.
Наместо на новиот плоштад кај фонтаната, младите од Црвен крст беа принудени да се вратат во дворот на организацијата и поод заштита на тендите сепак да ги отркијат убавините на поезијата создадени од охридски автори.
Преку поезијата младинците на Црвен крст – Охрид испратија пораки за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а сите ние како дел од заедницата во која живееме имаме одговорност да дејствуваме и да ги негуваме и чуваме.
Публицитет.мк