Вчера и Охрид се приклучи кон масовното одбележување на Неделата на движење во Европа под мотото „За долг и здрав живот“.

Организатор на настанот во 21 општина во Македониja беше Федерацијата за рекреативен спорт-Скопје.

Покровител на активностите беше Агенцијата за млади и спорт и Меѓународната асоцијација за спорт и култура, ISCA од Копенхаген.

Најпрво, најмалдите се забaвуваа со Игрите без граници, која во Oсновното училиште “Климент Охридски” ги организира Проф.Валентина Караѓуле, а вечерта возрасните уживаа во двочасовниот аеробик хепенинг со Проф. Кате Бујароска Анѓелеска и Проф. Љупчо Ѓуроски кој се одржа во Еконоското училиште “Кирил и Методиј”. Ваквите активности се организираат со цел подигнување на свеста за потребата од активен начин на живот и омасовување на рекреативно-спортските активности.

Публицитет.мк






