Денешниот 6 јули се одбележува како Меѓународен ден на бакнежот. Кај луѓето, бакнежот е израз на љубов. Се бакнуваат и животните. Но, не секогаш од љубов…
На оваа #ФотографијаНаДенот направена во еден аквариум во кинескиот град Нанџинг може да се види жешкиот бакнеж на две риби од видот Гурами. Бакнувањето е сосема нормална појава кај овој вид риби, но во борбата меѓу два ривала. Противниците си ги притискаат усните сѐ додека некој не се откаже и избега. Во Кина овие риби со задоволство се поклонуваат за Свети Валентин.
Извор: www.dw.com