Во рамките фото конкурсот на темa: „Води“ како дел од проектот WatеrNet кој го спроведуваат општините Охрид и Едеса ( Воден ) и Универзитетот „Св. Климент Охридски “ од Битола и Институтот за технолошки науки „Александар“ од Солун фотографите – аматери , членови на фото клубот „Охрид“ Филис Ајруш, Ѓоко Симјаноски и Димче Коруноски се добитници на златна и сребрени плакети за фотографија.
Жирито составено од познати грчки фотографи одлучило Златната плакета да и’ ја додели на Филис Ајруш за фотографијата „Градот на светлината“ Актуелниот претседател на охридскиот фото клуб Димче Коруноски е добитник на сребрена плакета за фотографијата „Игра на сенки“, а сребрена плакета доби и нашиот соработник Ѓоко Симјаноски за фотографијата „Бран“.
Како што беше соопштено на приемот во чест на заокружувањето на фото конкурсот спроведен како и проектот со помош европскиот ИПА фонд сребрена плакета добил фотографот Христос Јанис од Воден за фотографијата „Сино Езеро“ инспирирана од езерото Вермео во Грција.
До крајот на месецов во оваа иста рубрика ќе бидат претставени и преостанатите две наградени фотографии на фотографите од Охрид.
Публицитет.мк