Презедовме важни чекори за заштита на Охридското Езеро и решаваме сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани, вели актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден градоначалнички мандат, Константин Георгиески.
-Инвестирани се 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија, преку новото јавно претпријатие „Колекторски систем“. Изготвена и поддржана е Студијата за валоризација на Охридското Езеро која ќе обезбеди заштита на исклучителната универзална вредност и биолошката разновидност, вели Георгиески.
Тој додава дека во следниот мандат ќе се работи на повеќе проекти.
Во следниот период работиме на проекти за: Изградба на пречистителни станици за отпадни води во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман и Уредување на крајбрежјето и плажите во согласнот со Планот за управување со светското природно и културно наследство и со сите еколошки стандарди за заштита езерската вода, најави Георгиески.
Публицитет.мк