По катастрофалниот пораз во првиот изборен круг во Охрид, фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако.Ништо ново, ништо неочекувано. Нова е само “марионетата„ која треба да отстатира улога на кандидат за градоначалник.Тоа е добро позната стратегијата на врхушката. Лаги, дисквалификации, жолч, пизма. Не издржаа и го испоганија и најголемиот Христијански празник.
Ова денеска на прес-конференција го изјави кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и здружената опозиција, д-р Константин Георгиески, осврнувајќи се меѓу другото на реториката што неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ д-р Митре Милошески ја употребува во предизборната кампања.
-Па на ден Велигден новата марионета зборува за ѓаволи. Ѓаволите ќе си дојделе по своето. Ама барем за ова е во право, ѓаволите си дојдоа по своето. Си дојдоа и во 2017 и пред 10 дена и ги протераа од Охрид профитерите од режимот на ВМРО ДПМНЕ. Охриѓани одлучија сами да решаваат за својата иднина и судбина а не истата да ја оставаат во рацете на теледиригирани проектили и читачи на соопштенија напишани во Белата Палата во Скопје. Резултатите на локалните избори во Охрид покажаа дека ова не поминува, рече Георгиески.
На обвинувањата од страна на неговиот противкандидат Милошески, дека раздолжувањето на општината не било по заслуга на општината и не било со општински пари туку со пари од народот д-р Георгиески рече тоа се двебезобзирни лаги и една недоречена вистина.
-Јасно е дека мојот противкандидат досега покажа дека не владее со бројки и нема апсолутно никакви познавања за финансиското работење на општината. Но, на охридската јавност веќе и се добро познати информациите и бројките за раздолжување кој многу пати до сега ЈАС лично ги соопштив во интерес на транспарентноста на целиот тој процес.Да, точно е дека тоа се народни пари. Сите пари се народни Митре. И овие со кои се раздолжуваме и оние со кои се правени Бели Палати. Не се народни само парите од душманските кредити за стиропорно Скопје со кои на сите нам и на нашите деца ни врзавте камен околу врат Прашањето е Митре, зашто твоите не го раздолжуваа Охрид? Охрид од нив во 11 години доби САМО шетање со белосветски преваранти и потсмев на државно и меѓународно ниво, додаде Георгиески.
Георгиески одговори и на обвинувањата дека општината не асфалтирала, туку ставала бекатонки.
-Вистината е дека и Државната изборна комисија ви кажа дека работите кои се изведуваат се во согласност со планот и динамиката за работа и како такви не се спротивни на Изборниот законик. Искрени охриѓани, па дури и не толку искрени, ама сепак охриѓани, би биле среќни што во Охрид се работи како никогаш претходно. Ама не се среќни само во Белата палата на режимот во Скопје за кои Охрид е монета за поткусурување, појасни Георгиески.
Тој додаде дека урбанистичкиот хаос е резултат на режимското владеење на, како што рече, сопартијците на Милошески.
-Па висок функционер на ДПМНЕ со охридско потекло на драматична прес конференција и соопшти на јавноста дека носеле закони за бизнис интереси на високи функционери на ДПМНЕ. ЈАС како в.д Градоначалник во континуитет носам законски решенија и одлуки со кои во рамки на своите ингеренции ја намалувам штетата од долгогодишните штетни политики на ДПМНЕ диригирани од корумпираното криминално здружение. Она што се факти е дека општината: На 22.02 2019 год Донесе решение за поништување на одобрението за градење на хотелот во Лагадин заведено под УП.1 БР.20-3852 издадено 05.12 2016 и на 25.03 2019 год донесе Решение за отстранување на градба кај Чинарот заведено под УП 1 бр.36-155 во Дневник бр.12/19Впрочем за начинот на кој ние се справуваме со проблемите во оваа сфера, добив пофалба на јавна сцена од еден од противкандидатите во првиот круг, од граѓанскиот сектор како и од сите добронамерни охриѓани, истакна Георгиески.
Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиески рече дека дивоградбите се голем и стар проблем за Охрид и го повика неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошески јавно и недвосмислено да одговори пред охриѓани дали и тој градел на диво и бил или е сопственик на диваградба.
-За крај сакам да се осврнам на блуткавата и приземна кампања со која се подгреваат меѓуетнички и меѓуверски тензии со цел да се добие евтини политички поени. Евтини политички поени кои може скапо да не чинат сите нас. Добро знае целата Македонска јавност кој долги години во недостиг на соодветна политичка понуда посегнува по подгревање на ниски страсти. Во недостиг на аргументи зошто да гласаат за нивната нова марионета, охриѓани се изложени на кампања на застрашување, рече Георгиески на денешната прес-конференција повикувајќи ги институциите во најитен рок да превземат мерки против авторите и споделувачите на текстови кои предизвикуваат национална и верска нетрпеливост.
Публицитет.мк