Студијата е спроведена во рамките на научниот институт во Токио.
Доколку гледате лице во различни нешта, голема е веројатноста да сте невротични. Така барем велат резултатите од истражувањето спроведено во рамките на научниот институт во Токио.
Истражувањето било спроведено помеѓу студентите на кои им бил даден лист од хартија на кој биле исцртани точки. Нивната задача била да доколку видат лице во точките, напишат какво е тоа и колку лица гледаат, се вели во списанието NY Mag.
Научниците наведуваат дека не е чудно што невротичарите гледаат лица таму каде што ги нема (или може ги има), со оглед дека невротичарите гледаат опасност таму каде што ја нема, а во овој случај опасноста за нив се лицата.
Ние гледаме лице во секоја од овие фотографии. За вас не знаеме…
Извор: www.enauka.mk