Денеска напладне во просториите на „Матица ексклузив“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Пештерските цркви од Преспанското езеро“ од Гоце Ангеличин – Жура.
Историчарот на уметност Гоце Жура зад себе веќе има уште два слични труда: Пештерните цркви на брегот на Охридското Езеро,Охрид 2000 г . и Пештерните цркви во охридско-преспанскиот регион (Р.Македонија,Р.Албанија, Р.Грција),Охрид отпечатена во 2005.
Издавач на најновата книга е „Силсонс„ од Скопје а промотори ќе бидат д-р Димитар Ќорнаков и д-р Виолета Мартиновска.
Публицитет.мк