Зоран Заев, Јован Стојаноски и Константин Георгиески со кој образ си дозволувате повторно да застанете пред охриѓани и да ја барате нивната поддршка, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ по повод вечерашниот митинг на СДСМ во Охрид.
СДС на митингот во Охрид со старо-нова тактика со која очигледно сака да ги убеди охриѓаните со свест и разум дека сите години додека тие биле на власт граѓаните цело време сонувале и: она што го гледале, не го гледале,она што го слушале, не го слушале, кога ги бркале од работа не ги бркале, кога имаше рестрикција на струја, всушност немаше, кога немаше леб и млеко-всушност имаше, кога на пензионерите им земаа 8%, не им земаа, кога го сменија името и знамето, не го сменија, сакаат да кажат дека имаше економски раст, а немаше галопирачка инфлација и девалвација на денарот, дека народот не го нарекуваа грдото лице а бранителите не ги нарекуваа животинско царство,сакаат да кажат дека сме имале најправедна приватизација, а не мрачна криминална, сакаат да ги манипулираат земјоделците дека земале субвенции и дека не биле свесни дека ги земале, дека на учениците и студентите не им ги скратиле бенифициите, дека нема укинувања,блокади и кратења на мерки, тоа е нивното лице кога го потпишаа штетниот договор со Бугарија дека тој е пријателски, дека Охрид нема да постане центар за бегалци со стратегијата за мигранти, а всушност сакаат тоа да биде, дека Охрид нема да биде двојазичен а Законот за јазици го кажува спротивното, дека има живот за Охриѓани, а всушност нудат ужас за охриѓани.
Охрид е градот кој најмногу пропати од Вашите политики кои значеа затворање на фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа, велат во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ од Охрид по завршниот митинг на СДСМ и коалицијата одржан вечерва на плоштадот „Св. Климент Охридски“.
Публицитет.мк