Од синоќа до 25 март, во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград, е отворена заедничката изложба на Стојан Ѓуриќ од Белград и македонскиот сликар со охридски корени Мирослав Масин, со наслов: „Горе длабоко – Долу високо“.
Мирослав Масин пред неколку години дел од својот циклус на дела „Горе длабоко – Долу високо“ претстави на реномираниот фестивал „Охридско лето“, како и на Научната и културна визита, организирана од МАНУ во Куќата на Уранија во Охрид.
Мирослав Масин, познатиот македонски сликар живее „таму каде што ветерот најостро дува”, во „пустите предели на Поларната мечка”, како што во песната „Од високите планини” вели германскиот мислител со заразно здравје.
Оваа волшебна висина открива присутност на сѐ во сѐ, нераскинливи врски на постоењето, траењето, кое не е со разум сместено и организирано во ликови и нешта.
Публицитет.мк






