Од мирниот протестен собир во Охрид уште еднаш беше порачано дека никој нема право да го чепка Уставот и да наметнува туѓи платформи на штета на Македонија и нејзиното опстојување.
Маршот се одвиваше по веќе вообичаената маршрута од кај локацијата Мини маркет по централните градски улици, старата охридска чаршија , па се до градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
Изјави за медиумите со барање да се зачува целовитоста на Македонија и македонскиот јазик и отфрлање на платформата за двојазичност дадоа професорот по македонски јазик Димче Донески. актерот Ивица Цонев и Коста Карадимче.
Покрај во Охрид граѓнски собири се одржаа во 16 градови низ Македонија.
Публицитет.мк






