По објавувањето на отвореното писмо од Центарот за истражување и информирање- Еко свест кои бараат средба со Градоначалникот се огласи Општина Охрид.
Градоначалникот д- р Никола Бакрачески на отвореното писмо на Центарот за истражување и информирање Еко свест, како и секогаш отворено одговара со прифаќање на бараната средба. Градоначалникот и стручните служби на Општина Охрид се отворени за сите иницијативи кои се во функција на унапредување на живеењето во Охрид и се во корист на заштитата на природата и човековата средина. Истите се добредојдени, но само доколку произлегуваат од професионалните аспекти на оваа тематика и доколку се стручно издржани, се вели во дописот до нашата редакција.
Публицитет.мк






