• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Охрид SOS: ЕЛЕМ го празни Охридско Езеро! Нивото алармантно ниско, надлежните молчат!

јануари 29, 2017
in Аргументи за
Нивото на водата на езерото е ПОД дозволената граница! ЕЛЕМ ја користи водата од Дрим за производство на електрична енергија. Охридското Езеро НЕ е вештачко езеро па да може кој сака да си го (зло)употребува. Ова не смее да се дозволи! Охриѓани реагираат:
„НИВОТО НА ЕЗЕРОТО Е 15 СМ ПОД ПРИРОДНАТА МИНИМАЛНА КОТА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НЕ Е АКУМУЛАЦИЈА ЗА ВОДА НА „ЕЛЕМ“Денеска на електронската табла на УХМР која ги покажува главните параметри на водата од Охридското Езеро можеше да се прочита дека околу 17 часот нивото на водата беше - 0,15 м (15 см) под, претпоставувам, просечната (природната) минимална природна кота на Езерото.Постојат три коти на нивото на Езерото кои се регулирани со Закон и тоа: максимална кота на нивото на Езерото - 693,75 законска минимална кота на нивото на Езерото - 693,10 просечната (природната) кота на Езерото - 693,17 Ако податоците (мерењата) на електронската табла на УХМР се точни денеска попладне (28.01.2017 - сабота) НИВОТО НА ЕЗЕРОТО Е 8 СМ ПОД МИНИМАЛНАТА КОТА ПРОПИШАНА СО ЗАКОН. Главната причина за вака ниското ниво на Езерото е производство на електрична енергија од страна на „ЕЛЕМ“ односно АД „ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА". Езерото се празни, а сите си ќутат. Само ЕЛЕМ си ги трие рацете од ќарот што ќе го добие од испуштање на водата под законски дозволеното ниво. ****** Пред нецел час поминав по целата должина на каналот Студенчишча. Нивото е спуштено на многу критично ниво. Кај рибата која е влезена во каналот на презимување веќе се чувствува вознемиреност. Апел до ЕЛЕМ да ги затвори вратите на Дрим за да го намали испуштањето на вода од Езерото. Со вакво темпо на незаконско испуштање може да се случи помор на плашицата како пред некоја година. И после, кривецот ќе биде никој. Не, крив ќа биде ЕЛЕМ!“  Трајче Талевски 28 јануари околу 17 часот

Последици по флората и фауната

„При нормален водостој поголемиот дел од овие карпи се под вода. За жал ова сега е крајно алармантно, хидроцентралите драстично ја намалија количината вода и никој надлежен не се одважува да го спречи ова што на од Бога создаденава убавина му го чинат. В долж крајбрежјето се забележуваат и траги од нафта, колку само заборавивме луѓе да бидеме та ништееме ли ништееме аздисани од материјалната заслепа и алчност. Ако продолжиме со ова темпо, плод на несвесноста и несовесноста наша, колапсот е неизбежен“. Климент Арнаудов

Лабино, машка плажа

Со почит, Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ

Соопштението е објавено во целост без редакциска и јазична интервенција.

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Публицитет.мк 
Посетеност: 112
Share
Previous Post

Градоначалникот Бакрачески го прифати барањето на ЕКО СВЕСТ за средба со него

Next Post

Експертите предупредуваат на штетноста од нискиот водостој на Охридско Езеро

Next Post

Експертите предупредуваат на штетноста од нискиот водостој на Охридско Езеро

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk