• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Градоначалникот Бакрачески се поклона пред спомен обележјето на Илинденците во Велгошти

август 2, 2016
in Тикер

Во очи на големиот национален празик 2ри Август, Денот на Републиката, денот кога се удрија темелите на македонската државност, градоначалникот Никола Бакрачески во Велгошти се поклона пред спомен обележјето на Илинденците, по што имаше и прогодно обраќање.

Денес, во предвечерието на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското и слободарско Велгошти, местото каде што е формирана првата востаничка чета на ТМОРО во Охрид и охридско. Тука, во манастирот „Св. Петка“,поставени се темелите на востаничкото организирање во Охрид, а  за тоа еден од свидетелите на тој настан, војводата Андреј Христов ќе рече: „Во цела Македонија и Одринско има веќе силна подготвка за слобода. За таа цел и тука во нашава околија се создава, драги јунаци, во вашето лице, прватаохридска чета. Ако вие навистина сте решиле да му служите на тој идеал, ви предлагаме овде да земете заклетва“. На повикот за востание, преку 2000 охриѓани, меѓу кои и 200 велгоштани, застанале под македонското црвено знаме, на кое пишувало „Смрт или слобода“. Идеалите на славните илинденци од 1903-та ќе ги остварат многу години подоцна другите генерации македонски јунаци, со победата во Втората светска војна кога се удрени темелите на Македонската држава. На сто и тринаесет годишнината од првиот Илинден од 1903-та и 72 годишнината од АСНОМ, Илинденската епопеја и денес е жива во Велгошти, а Вие драги Велгоштани сте најдобрите чувари на илинденските идеали за слободна и самостојна Македонија, рече градоначалникот Бакрачески во своето обраќање пред присутните.   

Денот на Крушевската Република, во Велгошти, традиционално се одбележува со поклонување и положување на цвеќе пред споменикот на Илинденците, а е проследен со културно – уметничка програма. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 107
Share
Previous Post

„Сонетите на Шекспир“ преку фотографиите на Мимоза Чолак

Next Post

Цвеќе пред спомен обележјата на Илидненците во Охрид

Next Post

Цвеќе пред спомен обележјата на Илидненците во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 107

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk