Кој е Шекспир и зошто на „Охридско лето“ Битолскиот театар гостуваше со неговите сонети?!
Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 – 23 април 1616) — англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот[1]. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“[2]. Неговите дела, како и колаборати, содржат 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.[3]
Шекспир бил почитуван поет и драматург во своето време, но денешниот углед главно започнува во XIX век. Романтичаритеособено ја почитувале генијалноста на Шекспир, а викторијанците го обожавале со таква стравопочит што Џорџ Бернард Шо ја нарекува „бардолатрија“.[4] Во XX и XXI век, неговите дела уште поинтензивно се проучуваат и изведуваат, од најразлични културолошки, книжевни и политички перспективи ширум светот.

Сонетите за првпат биле објавени во 1609 година. Не се знае точно кога биле напишани 154-те сонети, но има докази кои укажуваат на тоа дека Шекспир во текот на целиот свој живот пишувал сонети за приватна читателска публика.[96] Пред недозволеното објавување на два сонети во „The Passionate Pilgrim“ во 1599, Френсис Мир во 1598 ги спомнува „шеќерните сонети само за блиски пријатели“ (“sugred Sonnets among his private friends”).[97] Според содржината на сонетите, се чини дека Шекспир имал намера да напише две групи на сонети: едни за неконтролирана страст кон мажена жена со црн тен („црната жена“); и други за љубовта кон убаво младо момче („убавиот младич“). Непознато е дали овие луѓе навистина постоеле, или пак дали поетското „јас“ кое им се обраќа е самиот Шекспир. Сепак,Вордсворт верувал дека во сонетите „Шекспир го отклучил своето срце“.[98]

Директорот на Битолскиот театар Валентин Светозаров на прес-конференција посветена на нивното учество на „Охридско лето“ потсети дека куќата можеби има поставено најмногу престави на Шекспир во регионот, обидувајќи се секоја година со огромна љубов да му посвети внимание на големиот автор.
– И оваа година го правиме тоа преку најновата продукција на „Сонетите“ на Шекспир, неслучајно со нашите најмлади режисерски сили, кои веќе година се членови на нашиот ансамбл. Наша идеја беше веднаш да работат со Шекспир, што да се изразам по охридски, значи веднаш да учат да пливаат и тоа во длабоки води, рече тој.

Претставата е карактеристична оттаму што е поделена на два сосема различни дела. Се третира една иста тема преземена од „Сонетите“ на Шекспир, притоа користејќи два сосема различни режисерски приоди, нудејќи две потполно различни естетики.
Првиот дел од претставата наречен „Ш“ е поставка на Јован Ристовски, за кој самиот режисер рече дека е мошне современа, урбана поставка.
– Специфично е што во мојот дел од претставата користени се само три сонети, што е единствениот говор разбирлив за публиката, додека во преостанатиот дел користиме наш јазик, што го креираат самите актери. Тоа е сосема измислен јазик што не се разбира, но преку нивната игра на сцената, театарската експресија гледачите ќе можат да разберат што се случува, рече Ристовски.

За суштината, есенцијата на она што го режирал, тој рече дека е всушност самокритика на себе, кон пријателите, останатите.
– Претставата зборува за едно подобро утре и дава огромна критика кон нас како човечка цивилизација, во време-невреме кога треба да се запрашаме што правиме и каде е нашата свест, рече Ристовски.
Неговиот колега Ангелчо Илиевски, кој е корежисер на „Сонетите“ на Шекспир и кому ова му е прво режисерско остварување во Македонија, за својот дел од поставката рече дека му претставуава особено задоволство што заедно со целата екипа на Народниот театар од Битола во процесот на претварање на поезијата на Шекспир во приказна.

– За мене тоа е најголемиот успех што заедно со ансамблот успеавме да направиме многу интересна претстава, и тоа од Сонетите на Шекспир, дело што нема никаква драмска структура, од поезија да создадеме приказна, од поезија драма, а потоа и претстава. Шекспир и неговите Сонети е океан од емоции, состојби, копнежи, таги, болки…Сметам дека секој од нас најде начин сето тоа да го канализира во нашата поставка, рече тој.

И актерската екипа што ги игра „Сонетите“ е претежно од помладата генерација глумци на Народниот театар до Битола. Една од улогите ја толкува и Викторија Степанова – Јанкуловска, која го оцени одличен процесот на поставување на самата театарска претстава.
– Одличните реакции по однос самата претстава сигурно се показател дека и тука во Охрид публиката одлично ќе се забавува на самата изведба, исто онака како што се одвиваше и самиот процес за нејзиното создавање. Уште повеќе што Шекспир како автор нуди повеќеслојност, дури и после одиграни бројни негови претстави секогаш неговите текстови нудат посебно доживување, секогаш се осознаваат нови работи, веројатно оттаму и неговата големина, рече таа.

Инаку, дел од екипата на Народниот театар од Битола е и Петар Мирчевски, човекот кој зад себе има многу улоги во дела на Шекспир, во над 150 одиграни претстави. За неговиот актерски живот рече дека токму „Охридско лето“ и улогата на Сирано де Бержерак одиграна во сега далечната 1991 година била еден од неговите најголеми успеси во кариерата, улога преку која се препознава како актер.

– Овојпат навистина беше радост да се работи со младите, веројатно и се подмладив. На почетокот малку бев скептик оттаму што „Сонетите“ не се драмска структура. Нормално дека имавме потешкотии, но благодарение на режисерите и на драматургот Билјана Крајчевска, направиме интересна претстава, рече Мирчевски.
Извор: Википедија и Охридско лето
Фотографии: Мимоза Чолак
Публицитет.мк






