Вчера во посета на ОУ „Григор Прличев“ –Охрид беше Градоначалникот на општина Охрид проф. д-р Јован Стојаноски. Посетата беше изненадување за учениците од V2 одделение и нивната учителка Фанче Наумоска.
Учениците ја одиграа точката со која настапија на прославата на Патрониот празник на училиштето „Македонско девојче“ со посвета токму кон градоначалникот. За возврат тие беа почестени со неговото присуство и добија подароци.
Ваквите посети поттикнуваат ентузијазам кај учениците, голема радост и задоволство и се разбира среќа која блескаше во нивните очи. Голема чест не само за оваа паралелка, туку и за целото училиште беше посетата, се надеваме дека истите ќе бидат што почести, велат во дописот од ОУ „Григор Прличев“
Публицитет.мк